Природна боја за јајца од виолетова зелка: Со ниту една купечка боја нема да добиете олку убава нијанса! (ВИДЕО)

Совршена

Фото: Илустрација

Ќе бидете воодушевени од нијансата

Најтешко е да се добие тиркизна боја, а ако досега сте се обиделе на сите начини да ги бојосате јајцата во оваа нијанса и не сте успеале, време е да го испробате овој потполно природен начин на бојосување. Со виолетова зелка можете да ги бојосате јајцата за Велигден и да добиете единствена боја. Еве како…

За 12 варени јајца ќе ви требаат:
  • 1 главица црвена зелка
  • 4 лажици алкохолен оцет
Приготвување:

Исечкајте ја црвената зелка. Во тенџере сипете 5 шолји вода и додајте ја зелката, па оставете ја да врие 30 до 45 минути.

Оставете ја зелката целосно да се олади, па извадете ја од водата.

Во водата во којашто се варела зелката, додајте 4 лажици алкохолен оцет и ќе добиете боја за бојосување јајца.

Ставете ги јајцата во длабоко тенџере или плех, важно е да бидат оддалечени, а потоа прелејте ги со добиената вода. Извадете ги јајцата од бојата по еден час ако сакате посветла боја, а доколку ви се допаѓа јаката тиркизна, тогаш оставете ги да отстојат во бојата 2 часа.

Потребно е да ги превртувате јајцата на другата страна на секој половина часа, за бојата да биде рамномерна.

Напомена: На почеток ќе добиете виолетова боја, но не грижете се, магијата настанува подоцна и кога ќе ги извадите јајцата од бојата, ќе ве изненади прекрасната тиркизна боја.

Доколку сакате, можете да ги врзете јајцата со гумичка за тегла, за да добиете интересни шари. Како изгледа целата постапка, погледнете во видеото…

Оваа техника на бојосување велигденски јајца го освои светот: Јајцата на пареа се величествено убави!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.