Таа е генетски џекпот: Во шестата деценија се соблекла по бикини и сите занемеле!

Падма Лакшми

Американската актерка и водителка со индиско потекло, Падма Лакшми, позната е по неверојатната фигура, иако веќе гази во шестата деценија. Но дека годините одлично ѝ стојат и дека може да се рамни со далеку помлади колешки, покажала во новото видео на Инстаграм, на кое гордо парадира во бикини

Славната 51-годишна водителка споделила видео на кое ужива со ќерка ѝ во неверојатната природа на Хаваите и во островските авантури, а нејзиното извајано тело привлекло внимание и мноштво комплименти.

Падма, во минијатурно црно бикини, ги покажала долгите, затегнати нозе, рамниот стомак и убавото деколте, а уште еден голем плус е тоа што оваа дама изгледа многу природно, а сепак толку младолико и свежо!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Padma Lakshmi (@padmalakshmi)

„Ова е генетски џекпот“, „Жената е фасцинантна“, „Природна убавица“, „Никој не би се жалел кога би изгледал вака во 50-тите“, „Изгледа феноменално“, „Вау, без текст сум“, се само некои од коментарите на воодушевените луѓе.

Падма ја одржува одличната става со напорно вежбање. Открила дека најмалку пет пати неделно оди во вежбалница. Обожава пилатес, склекови, стомачни вежби, кардио, јога, но истакнала и дека тоа што го променило нејзиното тело е боксот! Исто така, признала дека два пати месечно оди на лимфна дренажа.

Водителката внимава и на исхраната, претпочита билни намирници и се труди 50% од нејзината дневна калориска вредност да бидат сочинети од овошје и зеленчук. Вели дека најчесто консумира лека, интегрален ориз, грав, суво овошје, јаткасти плодови… Исто така, секој ден пие по три литри вода.

Јаде а не се дебелее, заработува милиони, но стои цврсто на земја: Ниту еден маж не може да ја освои оваа жена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.