Јаде а не се дебелее, заработува милиони, но стои цврсто на земја: Ниту еден маж не може да ја освои оваа жена!

Жена змеј!

Мажите кои биле со неа ѝ замерувале поради нејзината амбициозност, па затоа станале бивши

Некогашниот модел и сегашен кулинарски гуру Падма Лакшми има живот на кој многумина ѝ завидуваат. Кариерата ја започнала како модел, а подоцна работела и како актерка. Таа е прославена авторка на готвачи, но има објавувано и мемоари за своите животни искуства,

Американката со индиски корени денес е водителка на култната американска емисија „Top Chef“.

И покрај сите падови, Падма Лакшми е ѕвезда во подем!

Таа е самохрана мајка

Падма Лакшми е доказ дека жената може да има сè, ако посака. Ја шокирала јавноста кога во 2009 година изјавила дека е бремена. Со месеци одбивала да го каже името на мажот со кого чека дете, за подоцна да признае дека не знае со кого забременила.

Кога било објавено дека нејзината ќерка Кришна ја киднапирал таткото Адам Дел, борбата за старателства почнала. Со текот на времето се договориле, па денес и двајцата имаат рамноправно учество во животот на својата ќерка.

Јасно е дека Падма е грижлива и посветена мајка. Таа и Кришна поминуваат многу време заедно, особено во кујната.

И Падма пораснала само со мајка

Кога Падма имала две години, нејзините родители се развеле. Падма живеела само со мајка ѝ, а набрзо ја напуштиле Индија и се доселиле во Америка за да ги одбегнат озборувањата за самохрано родителство и разведена жена.

Падма живеела во Њујорк и Лос Анџелес, а само неколку месеци годишно одела во Индија. Не го видела татко ѝ 20 години.

„Не може да ти недостига личност која никогаш не ни била покрај тебе. Тоа што не го познавав семејството од страна на татко ми, направи да се чувствувам збунето – не знаев која сум. Не сакам и мојата ќерка да се чувствува така“, признала еднаш Падма.

https://www.instagram.com/p/BsCL2tOBs_s/?utm_source=ig_embed

Љубовен живот

Му била муза на Саламан Ружди, наградуваниот писател, кој поради неа ја оставил сопругата и се венчал со 23 години помладата Падма. Меѓутоа, бракот не функционирал најдобро.

Нему му пречело тоа што Падма е толку амбициозна и што ризикува сè за кариерата, а нејзе ѝ пречело што тој е толку ладен.

Болест

Падма од тинејџерските денови страдала од ендометриоза, но болеста ѝ била откриена дури на 36 години. Болеста се манифестирала со силни менструални болки, а самата Падма не знаела дека тоа не е нормално и дека може да се спречи со соодветни лекови.

Поради тоа и ја основала непрофитната организација која им помага на жените со оваа болест.

„Една од причините зошто ендометриозата не е доволно истражена како болест е и тоа што е женска болест“, изјавила еднаш поранешната манекенка.

Покрај оваа борба, Падма е позната и како исклучителен борец за човечките права на девојчињата и жените.

„Понекогаш забораваме колку им било тешко на нашите мајки да се изборат за право на глас“, рекла Падма.

https://www.instagram.com/p/Brx3k6gBNKt/?utm_source=ig_embed

Покрај успешната кариера како модел, готвачка и авторка на книги, Падма дизајнира и накит.

Но без оглед на неверојатно успешната кариера, Падма и понатаму ги цени нормалните и скромни нешта.

„Не сакам да му припаѓам никому. Имам ќерка и семејство што го сакам. Меѓутоа она што најмногу го сакам и ценам е слободата!“

https://www.instagram.com/p/BqXvYvFhyYA/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.