Џенифер Лопез во парче што секоја жена треба да го поседува: Ги прикрива сите недостатоци, изгледа романтично, а може да се купи за 1.000 денари! (ФОТО)

Што велите за ова дневно издание на латино-дивата?

Латино-дивата Џенифер Лопез излезе во шопинг со ќерката Ема, а папараците ја „уловија“ на улиците на Лос Анџелес.

И додека нејзината тинејџерка изгледаше прилично „кул“ во опуштената комбинација, Џеј Ло избра романтично, убаво издание.

Пејачката се одлучи за удобна, а сепак женствена комбинација, која е совршена за топлите пролетни и летни денови.

Таа блесна во долг, лелеав, широк фустан со цветен дезен, а моделите како овој се многу ласкави и секогаш се добар избор. Нема да ве боли глава за тоа дали добро ви стојат или не, а доволно е само да ги облечете и да знаете дека изгледате убаво, без голем труд.

Познатата 52-годишна пејачка го надополни овој фустан со беж сандали изработени од превртена кожа со вртоглаво високи потпетици, модерни очила со тркалезни рамки и уште еден тренди-детаљ – жолта плетена чанта со златен синџир.

Што велите за ова дневно издание?

Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.