Верица Ракочевиќ по 10 години откри што се случило со Вељко на денот на нивната свадба

Суеверие

Слават 10-годишнина од нивната заедница.

Дизајнерката Верица Ракочевиќ е во хармоничен брак со 35 години помладиот уметник, а зборувајќи за бракот со Вељко Кузманчевиќ, првпат откри зошто избрала да се венчаат во четврток.

Мајка ми беше шивачка и од неа слушнав дека не е во ред сама да си ја сошиеш венчаницата. Подоцна дознав и за верувањето дека бракот што ќе се склучи во четврток трае цел живот – изјави Верица Ракочевиќ.

За моја среќа, можеби и за жал, немам осет за годините. Ниту ги бројам, ниту размислувам за нив, можеби поради силата и енергијата што ги имам. На тој начин, за мене беше сосема прифатливо да носам прекрасен мини-фустан на Вивиен Вествуд со црни чизми. Тој ден го паметам како еден од најсреќните во мојот живот, покрај оние кога ги родив децата – изјави дизајнерката.

Таа и Вељко открија и на која песна го играа првиот танц.

„Да ли знаш да те волим“ од Дадо Топиќ. Тоа е песна на која многумина се заљубија и се венчаа – изјави Кузманчевиќ.

Фото: Мирко Табашевиќ

Имавме околу стотина гости, меѓу кои беа родителите, сестрите, кумовите, роднините на Вељко. Мојот син Миќа присуствуваше, Елена беше во Лондон, а Милена беше во Њујорк. Тука беа и нашите пријатели Бошко Јаковљевиќ, Леонтина, Тијана Дапчевиќ. Сè беше неформално, без спектакуларна декорација, кодекс на облекување, лосос и шампањ. На гостите им послуживме ќебапи и кремпити – открива Верица.

Дизајнерката и уметникот открија и што си посакале за 10-годишнината од бракот.

Му посакав во годините што следат да биде среќен како што беше досега. Исто така, му посакав да остане таков каков што беше последниот месец, односно да продолжи да ги развива професионалните квалитети како што само тој знае – рече Верица, а Вељко додаде:

Ѝ посакав на госпоѓата конечно малку да забави бидејќи овие десет години беа „полн гас“. Се надевам дека ќе почне да се „лади“ малку, заклучува Вељко за „Хелоу“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.