Совршен стајлинг на Меган Маркл за претстојниот период: Оваа комбинација е задолжителен дел од летната гардероба!

Модна инспирација

Меган Маркл уживала на натпревар по поло, во којшто нејзиниот сопруг, принцот Хари, ја понел победата со својот тим

Војвотката од Сасекс очигледно ужива во слободата, но и во луксузот во Калифорнија со својот сопруг, принцот Хари.

Побегнатата двојка овој викенд уживала во Санта Барбара, каде што Меган навивала за тимот на Хари.

Меган одамна ги има научено сите модни правила, па добро знае која комбинација е идеална за натпревар по поло. Така, се одлучила за бела боја, но и за едноставна комбинација со која нема грешка.

Омилената бела кошула ја вовлекла во белите кратки шорцеви, кои ги зачинила со кафен кожен ремен, а целата комбинација совршено се усогласила со нејзиниот тен.

Косата ја врзала во опуштена пунџа, додека на лицето носела очила за сонце. Со минималната шминка и рамните сандали, Меган Маркл одлично се вклопила на натпреварот.

Како ви се допаѓа овој стајлинг?

Нема криза: Меган Маркл во огнено скап стајлинг – блеснала во фустан од 4.300 евра!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.