Се омажила Шарлот Казираги: Внуката на Грејс Кели е најубавата невеста!

Конечно го кажала судбоносното „да“

Блеснала во две фантастични изданија

Шарлот Казираги, внуката на познатата Грејс Кели, ја прославила венчавката со францускиот филмски продуцент Димитриј Расам и ги воодушевиле гостите во две фантастични комбинации.

Шарлот и Расам ја озакониле нивната врска во палатата на принцот во Монако. За првиот дел од церемонијата, невестата се одлучила за краток сив фустан од тантела со потпис на Ив Сен Лорен и едноставна пуштена коса.

https://www.instagram.com/p/ByTe0IcJXT0/?utm_source=ig_embed

Младенците по церемонијата преминале на терасата на палатата, каде со уште 300 гости ја прославиле венчавката. Подоцна, приредиле вечера и танц на плажата на хотелот „Монте Карло“.

За вечерниот дел од настанот, Шарлот се одлучила за потрадиционален изглед. Носела бел фустан на „Шанел“ без прерамки и ракави. Зрачела со гламур од некои минати времиња, а венчаницата ја искомбинирала со боб-фризура.

https://www.instagram.com/p/ByS6VOkIS4A/?utm_source=ig_embed

Она што на сите им падна во око е дијамантскиот ѓердан „Картие“, идентичен на оној што Грејс Кели го носела на нејзината венчавка. На тој начин, невестата и’ оддала почест на својата баба.

https://www.instagram.com/p/BySvcwvCK7Q/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.