Нежна ќерка и огнена сопруга: Дамите на Трамп повторно доминирале на британскиот двор!

Втор ден од официјалната посета на Лондон

ФОТО: AP / Chris Jackson

Погледнете како се облекле најпознатите модни икони

Вториот ден од посетата на американскиот претседателски пар во Лондон почнал со состанок со британската премиерка Тереза Меј, за подоцна да продолжи во духот на опуштено, пријателско дружење со Трамп и членовите на британското кралско семејство.

ФОТО: AP / Alastair Grant

Принц Чарлс, Доналд Трамп и американскиот амбасадор во Лондон се повлекле во посебна одаја, додека Меланија, Камила Паркер и сопругата на амбасадорот пријатно муабетеле во салонот и им позирале на фотографите.

ФОТО: AP / Chris Jackson

Како што можевме да претпоставиме, првата дама на Америка заблескала во полн сјај и направила уште еден моден погодок во низата.

Имено, за дружбата со благородништвото одбрала долг црвен фустан со потпис на модната куќа Живанши, вреден околу 7.000 долари.

ФОТО: AP / Chris Jackson

Под скапиот материјал на тоалетата ѕиркале шпицевите на омилениот модел на чевли на Меланија Трамп – салонки со висока, тенка потпетица, исто така во црвена боја.

ФОТО: AP / Chris Jackson

Подоцна, сите се собрале на свечена вечера, на која присуствувала и Иванка Трамп. Позната по префинетиот стил во кој доминираат нежни нијанси, познатата русокоса вторпат за време на посетата на Лондон одбрала бело од глава до пети и блеснала.

https://www.instagram.com/p/ByThv1qhjCn/?utm_source=ig_embed

„Првата ќерка на Америка“ облекла долг бел елегантен фустан на едно рамо со светкав брош, со кој понела бели салонки, исто така украсени со кристали.

ФОТО: AP / Chris Jackson

Пред тоа, за состанокот со Тереза Меј облекла исто така бел фустан, но овој пат со животински дезен, проѕирни ракави и голема панделка околу вратот.

ФОТО: EPA / Will Oliver

Ви се допаѓаат вчерашните модни комбинации на дамите на Трамп?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.