Ова е 100 пати полошо од празни коверти: Младенците уживале на свадбата, но кога ги отвориле подароците, доживеале шок!

Вистинска приказна

Ако мислевте дека не постои полош подарок од празни коверти на свадба, сте се излажале

Иако велат дека на подарен коњ не му се гледаат забите, постојат луѓе на кои тоа им е од големо значење. Верувале или не, подарокот често може да биде предмет на расправии и конфликти, особено на свадбените прослави кога се „мери кој што и колку донел“.

За да не се натрупуваат подароци, често се случува младенците да нагласат што сакаат за подарок пред големиот ден. Сепак, денес најчестата опција се пари, а многумина сметаат дека тоа воедно е и најдобриот подарок.

Па така, една млада брачна двојка од околинава одлучила на своите гости да им соопшти пред венчавката дека најдобро е да им донесат коверти со пари како подарок. Покрај тоа, тие им објаснувале на соседите зошто мислат дека парите се најдобар подарок за ваква веселба.

„Ние со тие пари можеме да го платиме ресторанот, костимот, изнајмувањето венчаница, а со уреди и бела техника не можеме ништо. Можеме само да ги препродадеме тие подароци, бидејќи куќата одамна си ја опремивме“, зборувале младенците.

Меѓутоа, овој нивен став разгневил многу роднини, кои од лутина добиле идеја да им донесат празни коверти на свадбата. Како што потоа раскажале соседите, на самиот влез на свадбата имало кутија во која гостите требале да ги стават ковертите. Младенците стоеле веднаш покрај неа и ги чекале гостите за да се фотографираат.

„Внимателно гледаа кој става коверт, а кој носи подарок. Имаше многу гости со коверти“, раскажала една сосетка која била гостинка на свадбата.

Ако мислевте дека празни коверти се најлошото нешто што може да ви се случи, сте се излажале. Сé би било во ред ако во ковертите навистина имало пари. По веселбата, соседите раскажале за договорот со празните коверти, поточно за ковертите во кои гостите ставиле хартиени марамчиња на кои со пенкало напишале „100 евра“, „50 евра“.

„Следното утро по свадбата, младенците беа гневни кога ги отвораа ковертите, куќата ечеше. Велат дека имало барем 20-тина коверти кои биле или празни или со хартиени марамчиња. Дојдоа, се најадоа, се напија и донесоа марамчиња, срамота – зборуваа младенците. Со свои пари ги платија трошоците за веселбата, а не успеаја да заминат ниту на патувањето што го планираа ако заработат некое евро плус“, раскажала сосетката на младата двојка.

Што мислите вие за оваа постапка?

Снаата одржала здравица: Кога свекрвата ги чула овие зборови, ја напуштила свадбата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.