Актерот со трогателни зборови за починатиот син: „Мислам на тебе секој ден, среќен роденден!“ (ФОТО)

Џон Траволта го загуби синот Џет во 2009 година...

Познатиот холивудски актер Џон Траволта во 2009 година го изгуби синот Џет, кој почина на 16-годишна возраст.

Малиот Џет доживеа несреќа на одмор на Бахамите. Тој за време на одморот имал напад во бањата, па ја удрил главата во работ од кадата.

Синот на Џон Траволта денес би наполнил 30 години, а по тој повод Џон објави трогателна порака упатена до починатиот син.

Мој најдраг Џет, ми недостасуваш повеќе отколку што може да се каже со зборови. Мислам на тебе секој ден. Среќен роденден. Со љубов, твојот татко“, напиша актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Џон Траволта синот Џет го доби во бракот со сопругата Кели Престон, која почина во јули 2020 година од рак на дојка, во 57-та година од жувотот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.