Милица Павловиќ со модринки и болки во телото, пејачката призна дека не ѝ било лесно! (ФОТО)

На крајот сепак се исплатело...

Фото: Инстаграм

Не е сè како што изгледа:

Музичката ѕвезда Милица Павловиќ покажала дека сè не е како што изгледа, и дека зад гламурот и сјајот се крие нешто друго.

Имено, Милица пред неколку дена го објави својот четврти албум „Посесивна“, а на снимањето на спотот за песната „Шеќеру“, која ја сними со Албино,  лежела на подот и танцувала во легната положба.

Иако сето тоа изгледало доста провокативно, како што соопшти самата, кореографијата ѝ била доста тешка, а за тоа сведочат и фотографиите кои ги објави на Инстаграм.

И по толку повторувања на кореографијата, Милица завршила со модринки и болки. Но целиот труд се исплатил, бидејќи оваа песна, како и преостанатите од албумот, ги освоија срцата на публиката, а, пак, спотот е „лудило“.

Погледнете:

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.