Најбизарното издание на деценијата: Ким Кардашијан дефинитивно е подготвена на сé само за да привлече внимание!

Што мислите вие?

Ако мислевте дека Ким Кардашијан веќе ги има покажано сите бизарни стајлинзи и модни издание, се лажете…

Изгледа дека прославената ријалити-ѕвезда нема граници и дека секогаш е подготвена да ѝ понуди на публиката иновативни и по малку шокантни комбинации, а во една токму таква се појавила во средата.

Имено, Ким отишла на ручек со сестрите во еден престижен ресторан во Лос Анџелес, а нејзиното издание за оваа пригода е во најмала рака дискутабилно… Но, пред сé, тоа е впечатливо и не може да помине незабележано.

Славната 41-годишна Кардашијанка ги истакнала своите бујни облини во црвено кожено здолниште на преклоп со висок струк, а го надополнила со блуза од трикотажа со дезен на пламен, која навистина придонела за тоа Ким да изгледа како оган во движење!

Атрактивната црнка го надополнила сето тоа со кожени ракавици и црвени чорап-чизми, повторно покривајќи го секој дел од своето тело – фазон кому му е верна веќе неколку месеци.

Секако, се обидела сето тоа да го направи уште пооткачено со помош на црна, крзнена чанта и огромни очила за сонце со рамки од крзно.

Можете да претпоставите и самите дека коментарите на социјалните мрежи не биле благонаклонети кон Ким.

„Како не ѝ е срам, какооо?“, „Очајна е за внимание и тоа не може ни да го скрие“, „Подвижна шега од жена“, „Боже, сопри ја, те молам“, „Ова е тероризирање на нормалните луѓе“, „Како лик од цртан филм“, „Многу непријатно“, се само некои од коментарите.

Го видовме и тоа: Ким Кардашијан прошета во патики од 3.000 денари (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.