Која е тајната на средбата на Меган и Хари со Елизабетa? Пребеганата брачна двојка се обиде тајно да дојде во Британија и сега сите имаат ЕДНО ПРАШАЊЕ

Фото: Getty Images

Принцот Хари и Меган Маркл имаа таен разговор со кралицата Елизабета и принцот Чарлс во четвртокот во палатата Виндзор откако запреа во Велика Британија на пат за Холандија, каде што ќе присуствуваат на игрите Инвиктус.

Ова е првпат војвотката од Сасекс да стапне во Британија по т.н. мегзит, кога таа и принцот Хари ги напуштија кралските должности, заминаа од Белика Британија, а потоа во ексклузивното интервју за Опра Винфри, кое го потресе Обединетото Кралство, изнесоа многу долго чувани тајни од познатото британско кралско семејство.

Во меѓувреме, Хари (37) ја нема видено баба си од погребот на принцот Филип минатиот април, кога тој накратко долета од својот нов дом во САД. Сепак, нивниот контакт беше ограничен поради ковид-мерките.

Не е познато како пристигнала популарната двојка – дали со приватен авион или со комерцијален лет – но мештаните на имотот Виндзор зборуваат за нивното присуство, пренесува MailOnline.

Тие пристигнале инкогнито во средата и се верува дека останале на имотот Фрогмор, домот што го зачувале и покрај тоа што го напуштиле Обединетото Кралство.

Исто така, постои сомневање дека со себе ги донеле и нивните деца Арчи и Лилибет.

Хари и Меган потоа одлетале во Холандија за да присуствуваат на Принчевите игри во хаг, настан во параолимписки стил организиран во чест на воените ветерани, кој почнува во сабота.

Хари и Меган ги придружува тим на „Нетфликс“, кој го снима секој дел од нивното патување, а посебно внимание е посветено на средбата со украинскиот тим.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.