Помина една година од смртта на кралицата: Ова е доказ дека семејството комплетно се распаднало без неа

Еве како принцот Хари ѝ оддал почест на баба му

Освен Хари, првата годишнина од смртта на Елизабета Втора ја обележале и сегашниот крал Чарлс и идниот крал Вилијам, секој на различен крај во Велика Британија

Принцот Хари ненадејно пристигнал во Обединетото Кралство, а постојат две причини за тоа.

Во четвртокот вечерта присуствувал на доделувањето награди WellChild во Лондон. WellChild е национална хуманитарна организација која им помага на тешко болните деца и на нивните семејства, а годишните награди ги слават инспиративните квалитети на тие млади луѓе и оние што се грижат за нив.

 

Принцот Хари е покровител на оваа организација веќе 15 години и тоа покровителство го задржал и откако се повлекол од сите кралски должности.

Минатата година на доделувањето награди требало да присуствува со сопругата Меган Маркл, но истиот ден здравствената состојба на кралицата се влошила, па принцот веднаш тргнал во нејзиниот шкотски замок Балморал, каде што подоцна истиот ден починала. А првата годишнина од смртта на баба му можеби е и главната причина зошто пристигнал во Лондон.

„Како што веројатно знаете, мојата баба ќе беше првата личност која ќе инсистираше на тоа да бидам со вас наместо да одам кај неа, и затоа, точно една година откако нè следи од горе, знам дека сигурно е среќна што продолжуваме заедно да промовираме толку неверојатна заедница“, рекол Хари.

Во петокот, на годишнината од смртта на баба му бил виден во Виндзор, во капелата Сент Џорџ, каде што кралицата е погребана покрај својот сопруг, принцот Филип. Хари во лежерно издание им се поклонил на баба му и дедо му, а од капелата во која се венчал со Меган Маркл, излегол од споредниот излез.

Веќе наредниот ден, во саботата, Хари заминал во Германија, каде што присуствувал на отворањето на игрите Invictus, чиј покровител е самиот тој.

Отприлика во истото време додека Хари бил во капелата Сент Џорџ, принцот Вилијам и принцезата Кејт ѝ оддале почест на кралицата на интимна служба во катедралата Сент Дејвидс во 300 километри оддалечениот Велс.

Од друга страна, пак, кралот Чарлс исто така присуствувал на интимна служба во малата црква Крати Кирк, недалеку од Балморал каде што кралицата секоја недела одела на миса додека престојувала на својот шкотски имот.

Кејт и Вилијам објавија досега НЕВИДЕНА ФОТОГРАФИЈА НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА СО СИТЕ ПРАВНУЦИ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.