Мајката на Жељко Јоксимовиќ ја провоцира Јована: Објави фотка со поранешната снаа, а со сегашната не се следат на Инстаграм! (ФОТО)

Тука нешто не е во ред...

Фото: Рајко Ристиќ

Мина Јоксимовиќ, ќерката на Жељко Јоксимовиќ пред два дена го прослави 28 роденден, а по тој повод ги угости членовите на семејството, поточно неколку од нив.

Имено, нејзината баба Весна вчера на својот профил објави фотка на која може да се види нејзината внука Мина, сопругот Бранко, но и поранешната снаа, нејзината именачка Весна.

 

„Среќен роденден на мојата миленичка“ – пишувало во описот на фотографијата, а на која на фотката не бил синот Жељко Јоксимовиќ, ниту неговата сегашна сопруга Јована.

Веќе со години наназад се шпекулира за тоа во каков однос е мајката на Жељко и неговата сопруга. А, сега дополнителен сомнеж дека свекрвата и снаата не се во добри односи тоа што Весна и Јована не се следат на Инстаграм, додека првата сопруга на Жељко е на листата на нејзини пријатели…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.