Се шегувате со мене? Нарачала торта за роденден и се шокирала кога видела што добила! (ВИДЕО)

На денот кој требало да ѝ биде најсреќен, доживеала голема непријатност.

Да се ​​најде совршена роденденска торта не е лесна задача. Токму таков е примерот на една млада девојка, чиј слаткар направил неверојатно голема грешка…

Да ви кажам нешто, устата ми се замрзна од шок кога ја зедов тортата, влегов во автомобилот и ја отворив кутијата во која што беше…“, пишува Пејтон Чимак на својот профил на TikTok додека покажува фотографии од тортата.

Пејтон откри дека на слаткарот му испратила „слика како инспирација за тортата“ што ја сакала – целосно бел дизајн со едноставна порака напишана со црни букви. Меѓутоа, се испоставило дека слаткарот среде тортата ги напишал и упатствата на Пејтон, кои таа му ги дала, а кои сигурно не сакала да бидат декорација на тортата.

Така наместо натписот „Овен бејбе“ на средината на тортата, таа добила „Овен бејбе“ и „мали букви, на средина на тортата“.

Откако беше објавено видеото, Пејтон доби многубројни коментари од корисниците.

Треба да знам што им поминува низ главите на луѓето кога пишуваат на тортата. Дали навистина мислат дека тоа е она што човекот го сака?“, „Како декоратор на торта, морам да кажам дека ова боли“, „Барем можете да се смеете на ова“.

Видеото можете да го видите ТУКА.

Видео: ТикТок

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе