Анџелина на вечера го повела синот, а Селма ќерката: 8 години постарата актерка изгледа двојно помладо од неа, и тоа без шминка!

Зошто се состанале Анџелина и Селма во ресторан?

Холивудските пријателства знаат да бидат многу чудни, бидејќи спојуваат луѓе со комплетно различен карактер – таков е случајот со Анџелина Џоли и Селма Хаек

Едно од најчудните пријателства во Холивуд е она меѓу Анџелина Џоли (48) и Селма Хаек (56), кои се состанале на вечера и за таа пригода ги повеле и децата.

Анџелина го повела 19-годишниот Пакс, а Селма дошла со 15-годишната Валентина.

Оваа средба била повеќе професионална одошто приватна, со оглед на тоа што Селма треба да игра во новиот филм на Анџелина Џоли.

„Таа е најдобриот режисер со којшто сум работела некогаш, а имам работено со прилично добри режисери“, рекла Селма Хаек во една пригода, која веќе има соработувано со Анџелина.

За овој доцен состанок, Селма била облечена во едноставна црна облека, без шминка и со зачешлана коса во ниско коњско опавче, додека 8 години помладата Анџелина дошла елегантно облечена и комплетно нашминкана.

Сепак, сите забележале дека Селма, која инаку ја нарекуваат и „џебна Венера“, со своите облини и едноставна фризура изгледала двојно помладо од својата колешка, која изгледа сè послабо и поизморено како што одминуваат годините.

При излегувањето од ресторанот, Анџелина брзо влегла во автомобилот, додека Селма се изнабакнувала и изгушкала со Пакс, кој изгледал и повеќе од среќен поради оваа средба.

Да не се омажев сo тогашниот сопруг, сигурно ќе се оженев со неа: Анџелина Џоли била заљубена во оваа жена! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.