Таа е божица на плажа: Еве што прави Деби за да има олку згодно тело!

Неверојатно

Деби Пјер е моделка и, верувале или не, мајка на две деца! Како и секој модел, таа многу внимава на исхраната

Деби Пјер го покажала своето сензационално тело на плажа на Мајами. Кога излегла од вода, минувачите без проблем можеле да ја наречат божица на плажата!

Се запрашавме што јаде оваа жена и како вежба за да има вакво тело?

Речиси сите модели практикуваат гладување, кое се заснова на еден цел ден без храна. Девојките тогаш обично пијат вода или свежо цедени сокови. Тоа гладување обично се повторува секои 4 дена.

Речиси сите манекенки се придржуваат до здрава исхрана, па од многу млади се навикнати на веганска или вегетаријанска храна. А што се однесува до вежбањето, тоа подразбира комбинирани вежби од кикбокс и јога.

Вистина е дека Деби не го добила ова тело на подарок. Таа секојдневно се мачи за да изгледа олку совршено. Секоја манекенка работи макотрпно за да има совршени пропорции, а Деби не е исклучок.

Додека Деби се сончала и се шеткала по плажата на Мајами, ги привлекувала љубопитните погледи на минувачите, на останатите пливачи, но и на папараците на кои нејзините облини во минијатурно бикини со боја на кајсија им биле во прв план додека кришум ја фотографирале.

Минијатурното бикини едвај ги покрило нејзините атрактивни облини, но тоа не ја спречило згодната манекенка од Австралија да си помине убаво.

Пред неколку години, славниот рапер Снуп Дог, наводно, бил маѓепсан од нејзиниот задник, па побарал да ѝ се потпише на него. Деби се согласила. Да се потсетиме, Деми започнала да се занимава со манекенство уште како тинејџерка. Таа е најпозната по својот задник, па секогаш користи можност да го покаже, што може да се види по нејзините фотографии. Деби од 2016 година е во брак со Патрик Флеминг со кого има син и ќерка.

Вака се носи бикини: Оваа жена е божица на плажата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.