Нема да ви се верува што ѝ предложил младоженецот на својата невеста: Не можела да престане со плачење!

Интернетот остро го осудил

Идниот сопруг бил жестоко искритикуван на Интернет откако открил дека ги поканил своите пријатели на нивниот меден месец

Многу двојки одвај чекаат по венчавката да заминат на романтичен меден месец, бидејќи така го започнуваат своето брачно патување со личноста покрај која планираат да остарат.

Но идниот сопруг на една невеста одлучил неочекувано да го зачини медениот месец, предложувајќи ѝ на својата сакана да ги поведат пријателите на патувањето.

Двојката требала да се венча за седум месеци, а местото каде што сакале да го поминат својот меден месец било оддалечено два часа со авион од местото каде што живеат, дури и се наоѓало во истата земја.

„Местото што го одбравме отсекогаш било место од соништата за мене и моите пријатели. Кога им кажав дека тука го планираме медениот месец, ми кажаа дека се љубоморни и дека би сакале и тие да можат да отидат. Им кажав дека би можеле да размислиме за идејата ова да биде меден месец што ги вклучува пријателите и беа многу возбудени“, напишал мажот на Reddit.

Навел и дека тој и неговите пријатели не можеле да отидат на тоа патување, бидејќи распоредите со години не можеле да им се поклопат, а ова било одлична можност да ги усогласат своите годишни одмори за патување од соништата.

„Еден ден ѝ го кажав тоа на мојата свршеница и мислев дека ќе ѝ се допадне идејата, но таа ми се налути, почна да плаче и ми кажа дека сум дрзок. Се обидов да ѝ објаснам дека немав лоша намера, едноставно мислев дека тоа би било добра можност и тие да го доживеат тоа искуство. Дури ѝ кажав дека и таа може да ги покани своите пријатели за и тие да ни се придружат. Ми кажа дека сум смешен што мислам дека тоа е добра идеја и дека се чувствува ужасно, дека немам обѕир што својот меден месец сум го претворил во пријателско патување. Исто така, ми замери што разговарам за тоа со моите пријатели без да поразговарам со неа претходно. Искрено, мислам дека е во право поради тоа“, открил мажот.

Откако ја раскажал својата приказна, ги прашал корисниците на Reddit за мислење дали погрешил.

„Последното нешто што вашата идна сопруга сака да го прави на својот меден месец е да се натпреварува со вашите пријатели за вашето внимание, кога таа треба да биде единствениот фокус. Во основа, вашето прво романтично бегство како брачна двојка го претворивте во пријателско патување“, гласел еден коментар.

Друг додал:

„Сте им го предложиле тоа на вашите пријатели, без да го земете предвид нејзиното мислење или чувства. Не само што сте погрешила, туку покажувате и дека не сте подготвени за комуникацијата што е потребна за одржување долгорочна врска.“

Што мислите вие? Дали младоженецот погрешил толку многу? Како би реагирале вие на овој предлог?

По венчавката од соништата, тој на првата брачна ноќ го направил ОВА: Невестата ја поминала вечерта плачејќи во бањата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.