По венчавката од соништата, тој на првата брачна ноќ го направил ОВА: Невестата ја поминала вечерта плачејќи во бањата!

Ништо повеќе нема да биде исто

Несреќната невеста сѐ уште не сака да ги гледа фотографиите од венчавката, ниту да се потсетува на неа. Не може да му прости!

Новата брачна двојка имала совршена венчавка од соништата. Биле три години заедно. Таа имала 26, а тој 28 години и се венчале на Карибите.

Сѐ било совршено, гостите биле задоволни, времето прекрасно, храната вкусна, владеела романтика. Сѐ било токму онака како што си го замислувале – влегувањето во црква, сечењето торта, првиот танц…

Но сѐ се срушило оној момент кога требала да започне најубавата вечер во нивниот живот, нивната прва брачна ноќ.

Несреќната невеста сѐ уште не сака да ги гледа фотографиите од венчавката ниту да се потсетува на неа. Таа ноќ ја поминала плачејќи во бањата.

Како и сите младенци, по венчавката, тие се упатиле во нивниот брачен апартман. Прегрнати, сакале да заспијат, а потоа, сопругот го изговорил името на нејзината пријателка.

Во тој момент, сета романтика и страст едноставно исчезнале, а потоа повеќе ништо не било исто.

„Сѐ уште го слушам тоа. Беше одвратно. Ако ги погледнам сликите од венчавката, сѐ ќе ми се врати. Таа ноќ само ми се извинуваше, ми велеше дека тоа не е ништо. Јас навистина не мислам дека помеѓу нив немало ништо. Тој сака да се преправа како ништо да не било, но јас не можам“, раскажала невестата.

Брачната советничка Диадра Сандерс рекла дека најважно е тие да се сакаат. Ако не се случило неверство, тогаш тие заедно би можеле да го пребродат тоа.

„Кога ќе се сетите на овој несреќен момент, веднаш сетете се и на три убави спомени. Држете се за рака, љубете се и изградете интимност заедно“, советувала Сандерс.

Балканска невеста: Пред венчавката отишла во продавница по цигари (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.