Почина познатиот комичар и актер Боб Сегет од „Полна куќа“ (ФОТО)

Тој почина на 66-годишна возраст

Фото: Инстаграм

Американскиот актер и комичар Роберт – Боб Сегет, познат по улогата на саканиот самохран татко Дени Танер во комичната ТВ-серија „Полна куќа“ (Full House), и како водител на „Најсмешните домашни видеа од Америка“, почина на 66-годишна возраст, за време на својата стенд-ап турнеја низ САД.

Брзата помош го пронашла актерот во соба во хотелот „Риц-Карлтон“ во Орландо вчера попладне и констатирала смрт на лице место, соопшти шерифот на округот Оринџ, нагласувајќи дека не се пронајдени траги од дрога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bob (@bobsaget)

Сагет беше на Флорида каде што настапи во петокот и саботата. Тој се огласи и на Инстаграм по топлиот прием од публиката.

– Ѝ се вратив во комедијата како кога имав 26 години. Претпоставувам дека го пронаоѓам мојот нов глас и го сакам секој миг – напиша тој.

Многу негови колеги и пријатели се збогуваат со него на инернет.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.