На 78 години се ожени по петти пат: „Толку сум среќен, вреди да се сочува ова!“

Среќни и долговечни

Рокерот од „Пинк Флојд“ Роџер Вотерс ги објави среќните вести – повторно се венчал!

Додека 80-годишниците во Македонија шетаат, слушаат вести, играат шах и читаат, нивната генерација на некој друг континент се вљубува и стапува во брак по петти пат!

За Роџер Вотерс љубовта има суштинско значење, дури и во 78-та година! Рокерот од „Пинк Флојд“ се ожени по петти пат и соопшти:

„Толку сум среќен, вреди да се сочува ова!“

Рокерот својата сегашна сопруга ја запознал за време на службено патување, кога таа била задолжена да го вози од свирките до хотелот. Ангажманот бил договорен за две недели, доволно за Роџер да се вљуби и да ја освои убавата Камила.

Не е познато дали Роџер направил предбрачен договор, додека вредноста на неговиот имот се проценува на 310 милиони долари.

Музичарот не откривал детали за својата нова избраничка, а двојката првпат се појавила на црвениот килим во 2019 година.

Последна сопруга на Роџер беше Лаура Дурнинг, од која се разведе во 2015 година. Пред неа имал уште 3 брака и три деца.

Бајковита венчавка на ѕвездата од серијата „Емили во Париз“: Лили Колинс воодушевила во венчаница на Ралф Лорен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.