Бајковита венчавка на ѕвездата од серијата „Емили во Париз“: Лили Колинс воодушевила во венчаница на Ралф Лорен!

Сите ги оставила без здив!

Ја засакавме како зборлестата Американка во Париз, каде што не доживеа многу убави љубовни искуства, но во реалноста таа е една многу среќна девојка

Оваа сабота се одржа несекојдневната венчавка на познатата двојка, актерката Лили Колинс и филмскиот режисер Чарли Мекдауел, која порачува „и си живееја среќно до крајот на животот“. Местото на настанот било Dunton Hot Springs во Колорадо, а фасцинантната природа и водопадот во позадина придонесоа за драматичниот момент на „приказна од бајките“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily Collins (@lilyjcollins)


За својот најсреќен ден, Лили одбрала венчаница од тантела со потпис на Ралф Лорен. Фустанот со висок околувратник и долги ракави ја следела линија на нејзиното тело, врз кој, како вистинска принцеза, облекла вел-наметка со качулка од тантела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily Collins (@lilyjcollins)

„Никогаш не сум имала поголема потреба да му припаѓам некому како на тебе, а сега и официјално сум твоја сопруга!“, напишала шармантната Лили во својата објава за венчавката и додала:

„Започна како вистинска приказна од бајките, а сега е и моја реалност.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily Collins (@lilyjcollins)

Први фотографии од интимната венчавка на популарната пејачка (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.