4 топ модели на здолништа за оваа есен: А еве кои модели повеќе никој не ги носи!

Бидете во тренд

Есента е феноменален период за одлични модни комбинации во кои главна ѕвезда е здолништето

Не сте љубителка на панталони и фустани? Нема проблем! Кога станува збор за здолништа, оваа сезона најприсутни се рокерските стилови, кои многу лесно се приспособуваат на есенските стајлинзи.

Без разлика дали станува збор за трендовски мини-здолништа, атрактивни модели од вештачка кожа или со најмодерните шлицови, дефинитивно вреди да се инвестира во овие четири трендови сезонава, а еве и кои четири модела повеќе не се во фокусот.

Макси-здолништата се заменети со мини-здолништа


Спротивно на очекувањата, во текот на постудените месеци годинава нема да се носат долги модели, туку напротив: мини-здолништата се владејачкиот тренд оваа сезона, а за време на многу студените денови, можат да се комбинираат со хеланки. Особени атрактивно изгледаат во комбинација со долг капут и убави чизми. Овој изглед делува многу шик во комбинација со икс-ел плетен џемпер и чизми. Макси-здолништата, од друга страна, сега одат на заслужена пауза.

Здолништата со шлицови се ИН, здолништата со преклоп се АУТ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellie (@slipintostyle)


Моделот што оваа сезона нема да можете да го игнорирате се здолништата со странични шлицови, кои ги имаат сите предиспозиции да станат владејачки тренд наредниве месеци. Без разлика дали станува збор за плетени или сатенски модели, во долга или кратка варијанта – здолништата со шлицови се многу популарно, за тоа придонесува и фактот што многу лесно се комбинираат со речиси секој стајлинг, па така ги истуркаа од модната сцена добро познатите врап-модели (со преклоп).

Кожените здолништа се хит, лелеавите паѓаат во заборав

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cataleya Gold (@cataleya.gold)


И додека удобните лелеави модели се омилени во текот на летните месеци, здолништата изработени од кожа се ненадминливи оваа есен. Долги или кратки модели, сеедно е, не можете да погрешите. За лежерен стајлинг комбинирајте ги со плетена ролка, прошиен капут и патики, за вечерни излегувања одберете префинети комбинации што вклучуваат салонки на потпетица и елегантен капут.

Тесните плетени здолниште ги испраќаат моделите со А-крој во заборав


Наједноставниот рокерски стил оваа есен се нарекува „туба“ здолниште, а многу е сличен на популарните „туба“ топови. Се работи за тесен модел, што едноставно го навлекувате и тоа е тоа. Оваа есен хит се плетените модели што може да се комбинираат за сите пригоди. Без разлика дали ќе одберете бајкерска јакна или бундичка, плетените „туба“ здолништа ќе владеат сезонава, а покрај нив, сеприсутните модели со А-крој потполно ќе паднат во заборав.

Заборавете на „досадните“ кафени и портокалови нијанси, ова ќе биде најпопуларната боја оваа есен
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.