Како да го „потсетите“ да ве побара за жена? Вака!

Постојат неколку начини мажите да се заинтересираат за брак. Притисоците и нетрпението од жена која сака да се омажи обично не се добра идеја. Непланираната бременост, заканата за одземање на својот живот и решавањето на материјалниот статус пак, по правило завршуваат со прекинување на врската.

Љубовта не може да се форсира. Трпение, мудрост и по малку лукавост е добитна комбинација која може да вроди со успех. Еве неколку совети:

Фалете го, дури и за малите успеси и достигнувања.

Флертувајте со него и после долго време поминато заедно, исто како првиот ден.

Не одрекувајте се од своите пријатели, хобија и интереси. Тој треба да знае дека не е центарот на вашиот живот.

Не наметнувајте го разговорот за брак и свадба без оглед колку брзо отчукува вашиот биолошки часовник.

Гответе му вкусни јадења, покажете му дека ви се важни чистотата и редот во домот, бидете нежни во кревет и не казнувајте го со помалку секс.

Не доживувајте ја неговата мајка како ривалка бидејќи таа всушност може да помогне во остварувањето на вашата цел.

Често бидете во друштво на среќни брачни парови за да му овозможите постепено да се привикне на таа ситуација и да сфати дека бракот не е толку страшен.

Дискретно кокетирајте со други машки за да му дадете до знаење дека не е единствен кандидат за вашите рака и срце.

Никогаш не кажувајте дека ќе ја напуштите работата кога ќе се земете за да се посветите на домот и семејството.

Покажете дека сте одговорни кон парите.

Одвреме-навреме исчезнувајте од неговиот живот на неколку дена давајќи му прилика да почувствува колку му недостигате.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.