Американската актерка минатата година тајно се омажила за мистериозниот Синиша: Ги шокирала сите со оваа слика од венчавката!

Клои Севињи и Синиша

Холивудската актерка и мистериозниот уметник од Њујорк се познати по својот оригинален стил на облекување

Американската актерка Клои Севињи (46) тајно се омажила во март минатата година за уметникот Синиша Мачковиќ, а два месеца подоцна парот добил и син Вања С. Мачковиќ, за време на пандемијата на коронавирус.

Ѕвездата од серијата „Американска хорор приказна“ и интригантниот директор на една уметничка галерија во Њујорк, кој по потекло е од нашите простори, сега одбележале годишнина од бракот, а како изгледале на венчавката, актерката споделила со следбениците на Инстаграм.

„Венчани во понеделник, на 9 март, 2020. Среќна прва годишнина, љубов моја“, напишала Клои Севињи во описот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chloë Sevigny (@chloessevigny)


На фотографијата се гледа како Клои ја префрлила раката врз рамената на својот избраник, но нивниот стајлинг од венчавката ги збунил следбениците.

Имено, парот бил модно ускладен во црна боја. Младоженецот облекол црн костим во комбинација со бела кошула, додека Клои, наместо бела венчаница, облекла црна.

Така актерката ги срушила правилата за венчавки, според кои невестата треба да биде облечена во бела венчаница.

Инаку, избраникот на актерката, Синиша Мачковиќ, ја чува својата приватност далеку од јавноста, а американските медиуми го опишуваат како ексцентричен уметник. Ним им е чудно тоа што Синиша на Инстаграм нема свои фотографии, а единствената што ја објавил е онаа од пасош, кога бил мал. За него не се знае многу, освен дека е роден во Загреб во 1980 година.

Странските медиуми наведуваат дека во својата галерија има дела вредни дури 200.000 долари и дека е многу влијателен во својата бранша.

Ја крунисале врската со брак: Тајна венчавка на познатиот актер и ќерката на Арнолд Шварценегер
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.