Ја крунисале врската со брак: Тајна венчавка на познатиот актер и ќерката на Арнолд Шварценегер

Далеку од очите на јавноста

Среќни младенци

Крис Прат и Кетрин Шварценегер, постарата ќерка на славниот актер Арнолд Шварценегер, ја крунисале својата едногодишна љубов со брак. Брачните завети ги размениле на романтична церемонија во Монтесито во Калифорнија.

Тие се свршиле по половина година врска. Актерот (39) и ѕвездата од филмовите „Чувари на галаксијата“, „Светот јура“ и „Патници“ сега стапил во втор брак.

На венчавката бил присутен и неговиот 6-годишен син Џек, кого го добил во бракот со актерката Ана Фарис.

Кетрин блескала во снежнобела припиена венчаница, а на главата носела вел од тил.

На романтичната церемонија за венчавката присуствувале и нејзините родители, Марија Шрајвер и таткото Арнолд, како и блиските пријатели на парот.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време