5 пораки што треба да ги испратите доколку доживувате ладен однос од потенцијален партнер

Современата доба го претвори излегѕвањето во сосема поинаков „спорт“ од оној што го „играа“ нашите родители, баби и дедовци, а социјалните мрежи направија скоро невозможно да се сокриете од личност која до вчера ви беше интересна.

Сите добро знаеме дека игнорирањето е непристоен потег и кратенка што ја користат луѓето на кои им недостасува храброст и желба за похумана разделба. Сценариото во кое се среќаваме со физички привлечна личност, која се покажува дека е потенцијално добар партнер, но која одеднаш замолчува и исчезнува по неколку забавни излегувања и милји пораки – е позната на скоро секоја личност. Истражувањето направено за корисниците на апликацијата за средби Hinge покажа дека дури 91% од нив доживеале игнорирање. Никој не сака да остане без поздрав, никој не сака да доживее криење од личност која навистина им се допаднала и никој не сака да размислува зошто сето тоа се случило. Но, наместо да чекате со недели и да испраќате лута порака по неколку чаши алкохол, останете љубезни и зрели до крај. Кој знае, можеби нешто се сменило? Подолу ви донесуваме пет пораки што треба да ги испратите доколку сте доживеале ладен однос од другата страна или целосно игнорирање.

Ми се чини како да е ослабена нашата комуникација, дали има нешто променето?

Ако сте ја замениле постојаната размена на пораки со кратки реченици и повремено „видено“, очигледно е дека се случуваат некои промени во односот. Но, наместо да размислувате за што е проблемот, само прашајте дали нешто се сменило и зошто комуникацијата е поинаква. На овој начин ќе видите дали станува збор за личен проблем или вистинско разладување на лицето со кое се дружите.

Навистина е забавно да се допишувам со тебе, но би било убаво да се видиме наскоро

Ако односот се претворил во дружење без да се гледате, сигурно многу пати сте се запрашале што е проблемот. Ако не сакате веднаш да ја достигнете поентата, само кажете дека сакате вистински состанок. Таа порака ќе ве доведе до одговор.

Имам чувство дека нашата комуникација е еднострана, сакам да знаеш дека не мора да го правиш ова ако си незаинтересиран

Никој не сака да биде личност која постојано започнува разговор, личност која добива неколку зборови на долгите пораки и личност која (всушност) си пишува сама на себе. Ако имате чувство дека сте таа личност, бидете искрени и кажете како се чувствувате.

Имам чувство дека сакаме сосема различни работи едн од друг

Понекогаш затишјето се случува кога луѓето ќе сфатат дека целосно погрешно се разбрале. Без разлика дали сте таа личност која сака порелаксиран однос или личност која бара сериозна врска, бидете отворени за своите намери. Не дозволувајте да губите време на врска и личност која сака нешто друго. Но, ако не сте сигурни што сака таа личност, само прашајте ја.

Постојано добивам мешани сигнали од тебе, можеш ли да ми кажеш на што сме?

Искреноста е секогаш најдобра опција, особено кога не сте сигурни за што размислува и чувствува лицето со кое соодветствувате. Ако во еден момент мислите дека одлично се согласувате и дека вашата врска ќе се претвори во нешто сериозно, а во следниот дека нема емоции од другата страна, испратете ја пораката.

Прочитајте и: Колку подолго трае бракот, толку посреќните се луѓето во него, велат експертите

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.