Џејми Оливер: „Ако на вашето дете му го давате ова, вие свесно го труете!“

Исхрана за деца

Светски познатиот готвач Џејми Оливер ја потресол американската јавност кога влегол во училишната кујна и им кажал што никако не смее да им се дава на децата за јадење

Покрај тоа што е познат како добар готвач, Џејми Оливер е познат и по својата борба за здрава исхрана на децата и возрасните.

На почетокот од 2000 година, Џејми Оливер почнал сериозно да се занимава со проблемите на училишната исхрана и здравата храна, сметајќи дека повеќето деца во Велика Британија јадат полупроизводи, грицки, слатки и слично. Всушност, нивото на дебелина помеѓу возрасната популација во Британија е највисока во Европа и на некои места го надминува просекот на американското ниво. Речиси 900 илјади деца помали од 11 години се дебели, а тој број се има удвоено во последните 50 години.

Во 2005 година, готвачот почнал проект за здрава исхрана во училиштата. Сметал дека локалните фарми треба да ги снабдуваат училиштата со намирници и сезонско овошје. Покрај тоа, државата е задолжена да постави високи стандарди за свежина на училишната храна и да ја направи разновидна.

На Џејми не му се допаднало тоа што децата во училишната кантина јадат бургери, печива со колбаси, рибни стапчиња, помфрит, чипс и пудинг.

Готвачот предлага децата да јадат печено говедско, повеќе свежо овошје и домашни колачи, наместо чоколади.

Меѓутоа, родителите го бојкотирале Џејми со образложение дека неговата храна не е доволно калорична за да им ја обезбеди потребната енергија на нивните деца. А притоа, чини многу повеќе одошто тие се подготвени да дадат. Поради тоа, децата под влијание на родителите повторно почнале да купуваат ужина на киосците за брза храна.

Тогаш, славниот готвач сфатил дека навиките во исхраната лежат во семејството, па училиштето едноставно не може да ги воспитува децата и нивните родители кои не се навикнати на здрава храна.

Со текот на времето, родителите почнале да го слушаат Џејми. Во една пригода, се собрале за Џејми да им предложи што да им дадат за појадок на своите деца.

Џејми тогаш им кажал:

„Ако на вашето дете му давате газирани пијалаци, вие сте луди. Ако им давате чипс, вие сте идиоти. Ако вашето дете не јаде зготвен оброк, барем еднаш дневно, мора да го промените тоа што побрзо“, бил остар готвачот.

Тој се залага за тоа децата помалку да консумираат брза храна, засладени сокови и храна што се подгрева или термички се обработува во микробранова рерна.

За децата да јадат здрава храна, мора да се смени свеста на целото семејство. Родителите мораат да научат да готват здрава храна – тоа е најважниот и основниот чекор кон здрав живот за вашите деца.

Немате идеја што да приготвите за појадок? Пробајте ги овие тортили на Џејми Оливер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.