Неверојатни резултати: Домашни облоги за борба против целулитот

Домашен третман

Без разлика на изгледот на вашето тело, доколку имате забавен метаболизам тоа може да доведе до задржување на водата во вашето тело. Ова задржување на водата на површината на кожата резултира со појава на целулит. За отстранување на целулитот предлагаме некои многу моќни облоги кои можете да ги направите сами.

Најважниот ефект на облогите е да се забрза топењето на масните наслаги. Покрај губењето килограми, вашата кожа во исто време ќе биде мазна, тесна, еластична и цврста. Една недела е доволно за да ги забележите резултатите. Редовно ставајте облоги, но и променете ги лошите навики кои влијаат на појавата на целулит. Физичката активност, урамнотежената исхрана и хидратацијата се неопходни за здравјето на целиот организам.

Јаболков оцет против целулит

Потребно ви е јаболков оцет, хидратантна крема или лосион за тело и проѕирна фолија. Убаво измешајте малку од кремата и една лажица јаболков оцет за состојките добро да се искомбинираат. Смесата нанесете ја на подрачјето што сакате да го третирате и веднаш обложете го со неколку слоеви фолија. Оставете го да делува барем 3 часа, а потоа измијте со млака вода и уживајте во резултатите.

Антицелулитни облоги со глина

Глината е многу здрава за вашата кожа. Помага при акни, сува кожа, а се покажа и како многу ефикасна во елиминирање на целулитот. Од аптека купете сина глина и стопете ја со топла вода додека не добиете густа текстура како кисела павлака. Смесата нанесете ја на деловите од кои сакате да го отстраните целулитот и завиткате ги со фолија. Оставете да отстои најмалку два и пол часа, па исплакнете.

Облоги од ѓумбир

Ѓумбирот се покажа како одличен во борбата против вишокот килограми, настинки и вируси. Може да се користи самостојно или во комбинација со лимон или портокал, бидејќи тие го неутрализираат неговиот природно лут вкус. Може да се користи и во форма на детоксичен пијалак, но и во форма на антицелулитна обвивка, бидејќи ги топи масните наслаги и го ослободува организмот од токсични материи.

Прочитајте и: Напивка од лимон, мед и ѓумбир: Имунитет силен како карпа, вирусите нема да ви можат ништо!

За облогата од ѓумбир, треба да изрендате два корени свеж ѓумбир и една кора од лимон и да ги измешате со една лажица мед. Добиената мешавина нанесете ја на подрачјето што сакате да го третирате и покријте го со фолија. Оставете да отстои неколку часа, а потоа исплакнете. Ако чувствувате чувство на печење или зголемена непријатност, веднаш отстранете ја смесата.

Антицелулитна облога со кафе

Кафето, поради својата зрнеста структура и способноста да ја забрза циркулацијата, отсекогаш се сметало за водич во борбата против целулитот. Користете неколку лажици кафе и измешајте ги со малку хранливо масло. Може да биде од кокос, маслиново или што имате дома. Направете мешавина како паста и нанесете ја на местата каде што имате најмногу целулит. Оставете да делува преку ноќ. Можете да го примените овој третман неколку пати неделно.

Масажа со јаболка ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ

Облоги со масло од бршлен против целулит

Бршлен е растение кое долго време се смета за ефикасен елиминатор на целулитот затоа што ги разградува „чворовите” акумулирани на површината на кожата. За облогата од бршлен треба да се соберат свежи лисја и да се сварат во врела вода. Потоа залепете ги на посакуваната област и завиткајте ги со фолија. Можете, исто така, да нанесете хидратантна крема над нив за да не дојде до сушење и оштетување на кожата. Оставете да отстои околу 45 минути, а потоа извадете и измијте.

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.