Како лесно да се соочите со вестите што предизвикуваат стрес и страв

Корисни совети

Во периоди како овој во кој сме во моментот, се зголемува количината на вознемирувачка содржина, па прашањето е како да се избегне стресот предизвикан од вестите што нè плашат и во исто време да бидеме во центарот на информациите.

Читањето, слушањето, гледањето вознемирувачки вести кај луѓето предизвикува цела низа негативни емоции: вознемиреност, грижа, паника, гнев, страв. Исто така, може да доведе до стрес, состојба која зависи од нашето субјективно расудување, што значи дека не сите луѓе имаат ист предизвик за стрес. Со други зборови, колку сме вознемирени да слушнеме некои вести, зависи од тоа колку ни е блиска содржината што ја читаме и дали ја перцепираме како заканувачка. Исто така, зависи од некои наши карактеристики, искуствата од минатото, контекстот во кој се дознава веста. На пример, читањето на вести за коронавирусот не предизвика исто чувство на вознемиреност кога се случуваше во Кина и Европа, како што е чувството што сега го имаме кога тоа се случува и кај нас.

Прочитајте и: Епидемија на коронавирус – психолошки потсетник: Ова мора сите да го прочитаат!

Затоа, потребно е да се направи мала пауза од вестите што ги читаме, да се создаде здрава перспектива и наше сопствено мислење.

Дали е можно да се контролира изложеноста на лоши вести

Што треба да направите кога слушате вознемирувачки вести кои предизвикуваат силни реакции кај вас? Лошите работи нема да престанат да се случуваат и во денешно време е тешко целосно да се изолирате од нив и да имате контрола, но обидете се. Бидејќи, личноста која е вознемирена од вестите, баш заради стравот ќе продолжи да чита вести, ваквите информации ќе ѝ донесат чувство на контрола и потенцијална самозаштита. Овие ситуации го прават неопходно подигањето на свеста и нивото на медиумската писменост и да се научи како да се читаат и разбираат новостите.

Едноставно значи дека треба да знаеме во кој извор можеме да веруваме, каде да ги прочитаме точните информации и како да ги идентификуваме сензационално напишаните прилози. Голем проблем е постојаното присуство на Интернетот, што ни го отежнува креирањето здрава перспектива, далечина и критика против она што го читаме и слушаме. Во специфични ситуации, можно е да бидете изложени на лоши вести и да не бидете предмет на дезинформации и дополнителен страв.

Стресот полека но сигурно ве убива, запознајте ги симптомите пред да биде доцна

Постапки за да се избегне паника:

  • Пронајдете сигурен извор на информации
  • Не бидете опседнати со вестите во текот на целиот ден
  • Прекинете ги ситуациите кои ви предизвикуваат вознемиреност и не носат нови информации
  • Бидете свесни дека ова е ситуација во која лесно се шират дезинформации
  • Вршењето на она што вообичаено ве опушта и ви помага кога сте вознемирени, различно за сите: прошетка без мобилен телефон, слушање музика, разговор со пријатели за ирелевантни работи, капење, гледање на вашите омилени серии, играње со деца…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.