Епидемија на коронавирус – психолошки потсетник: Ова мора сите да го прочитаат!

Стравот е нормален одбранбен механизам, но внимавајте!

Почитувањето на основните препорачани мерки е сосема доволно за да одбегнете заболување

Каде и да се свртите, кој медиум и да го читате, тешко дека ќе успеете да се изолирате од најжешката тема – коронавирус.

Откако се дозна дека бројот на заразени расте и во нашата држава, луѓето панично почнаа да прават резерви на намирници и да зборуваат за опасностите, а често го слушаме и советот „без паника“. Сепак, едно е да се каже, а сосема друго е да не се паничи во реалноста.

Сосема нормално е да се плашите од епидемија и да направите се’ за да се заштитите од коронавирусот. Она што не треба да го правите е да го потиснувате стравот. Стравот е сосема нормално човечко оружје за одбегнување проблеми. Оставете го да ја исполни својата мисија, а вие водете сметка стравот да ви служи вам, а не вие нему.

Следете ги новите информации за состојбата на епидемијата, тоа е сосема нормално и прифатливо однесување. Информациите ни служат за да можеме да го прилагодиме своето секојдневје и да ги испланираме обврските и активностите, а притоа да се заштитиме себеси и нашите најмили.

Наместо да паничите и да ширите страв, прифатете ја реалната ситуација и запрашајте се што можете да направите и што веќе правите за да се подобри ситуацијата.

  • Ако можете да ги набавите, носете заштитна маска.
  • Обезбедете си го себеси и на своето семејство тоа што ви треба, но без претерување и манијакално купување резерви за цела година – така само создавате дополнителен стрес, а притоа ги оставате и другите без можноста да се заштитат себеси.
  • Одбегнувајте јавни собири, одложете ги патувањата.
  • Ако имате можност, одете на село – значително почистиот воздух може многу да помогне.
  • Бидете позитивни, немојте да си го замислувате најлошото сценарио – ништо не може да не’ уништи толку колку психата.
  • Одбегнувајте контакт со лица што страдаат од респираторни проблеми, држете се на безбедна дистанца.

Почитувањето на основните правила и препораки на надлежните е сосема доволно за да одбегнете заболување. Паниката никогаш не донела ништо добро, но правилното реагирање секогаш помага!

Заштитете се од коронавирус! Дознајте што треба да правите со облеката и обувките кога ќе дојдете дома!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.