„Јас сум во осмиот месец од бременоста – еве што најмногу ме плаши кај коронавирусот!“

Исповед

Мојата прва бременост ќе беше сосема нормална да не се случуваше во екот на КОВИД-19

Прочитајте ја исповедта на ова млада жена која е во осмиот месец од бременоста, токму кога целиот свет е зафатен од коронавирусот…

Додека седев пред мојата група студенти од 20 бруцоши во близина на Бостон, еден студент се накашла, потоа друг кивна. Собата за момент замолкна и сите се прашувавме дали КОВИД-19 се шири како пожар меѓу нас.

Размислував трет пат пред таа група да го извадам шишето за дезинфекција на раце и да избришам се’ околу себе.

Обично, кивањето и кашлањето е нормална појава во студентските училници. Но тој ден сите чекавме Универзитетот да се затвори, а ние да прејдеме на онлајн-предавања за да го намалиме ширењето на коронавирусот, како што препорачуваат Центрите за контрола на болести. Како врв на сето тоа, јас сум бремена осум и пол месеци!

Како што повеќето родители знаат, првото дете е многу важен момент во животот на секој возрасен човек. Купив книги за тоа што може да очекувам на овој пат долг 9 месеци.

Само што почнав да размислувам за тоа да се повлечам од факултетот и да одморам неколку недели пред породувањето кога пристигнаа вестите за коронавирусот во нашиот град. Пријавен е и потврден првиот случај. А потоа почнаа да стигнуваат вестите за останатите заразени. Средствата за чистење раце и тоалетната хартија исчезнуваа од полиците во продавниците, школите се затворени, а оние што можат да работат од дома, веднаш се повлекоа во своите домови.

Сфатив дека сум далеку од хармонично расположение пред породувањето.

Се фатив себеси како се двоумам дали да одам до продавница, бидејќи се плашам од заразените рачки на количките, од контаминираните производи на полиците. Од друга страна, пак, ми беше страв да не останам без основните намирници дома. А како капак на сето тоа, само сакав да дремнам малку.

Докторот ме охрабруваше да не се грижам, сите велат дека трудниците не заболуваат од корона, иако сме загрозени од обичниот грип. Но не сум сигурна дали некој може да ја смири мојата анксиозност кога ќе го чујам зборот пандемија.

Мене ме мачат прашањата: дали болницата ќе има здрави доктори кои ќе можат да ме породат и кои ќе можат да се грижат за мене и детето кога ќе се породам? Дали ќе го родам детето кога повеќе од десетина луѓе умираат од коронавирус? Дали ќе можам да се породам по природен пат или ќе ми треба царски рез? Дали ќе има доволно медицински средства да се изведе царски рез?

Читав дека во Кина трудниците биле приморани да се откажат од редовните прегледи пред породување, бидејќи немало доволно здравствени работници.

Никогаш не сум сакала да се породам дома, но сега сфаќам дека можеби тоа би била најдобрата опција, иако веќе е доцна за неа.

Додека размислувам како и што би направила, панично читам текстови на Интернет и манијакално мијам раце. Сфаќам дека тоа е единственото нешто што можам да го направам сега за да си помогнам себеси и на светот.

Коронавирус или алергија? Еве како да направите разлика!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.