Пандемија на коронавирус: Сурова вистина за животот што малкумина сакаат да ја прифатат!

Животен предизвик

Постојат работи во животот што не може да се контролираат, а постојат и такви врз кои дефинитивно можеме да влијаеме

Прочитајте ја оваа инспиративна приказна на човек кој преживеал срцев удар и ја сфатил суштината на животот…

Гледав на мониторот како лекарот изведува операција на моето срце. Кажа „аха“ и стави два стента.

Она што ме доведе на операционата маса е срцев удар, кој лекарите го нарекуваат „создавач на вдовици“. Значи беше лошо!

Еден месец подоцна, докторот се распрашуваше за мојата емоционална состојба, на што му одговорив:

Малку сум лут. Активно се занимавам со спорт, внимавам на тежината, а сепак доживеав срцев удар!“

Докторот само се насмевна и ми кажа:

Гледајте на тоа вака: да не бевте во толку добра физичка состојба, сигурно не би го преживеале срцевиот удар!“

Сите работи кои инаку требаа да го спречат срцевиот удар, ми помогнаа да преживеам. Не изгубив свест. Сам дојдов во итна помош. Ги почувствував првите симптоми на срцев удар, им се пријавив на докторите, за на крајот да успеам да се изборам за себе да ме прегледаат, па беше заклучено дека имам срцев удар.

Поради тоа, срцевиот удар не направи голема катастрофа.

Се чини дека најдобриот начин да се соочите со катастрофа е да се подготвите за неа. Размислете за тоа.

Истото важи и за пандемијата на коронавирус.

Можете постојано да миете раце, да дезинфицирате се’ околу себе, да работите од дома, да ги намалите социјалните активности, но речиси невозможно е да влијаете врз тоа дали ќе се заразите со коронавирус или не… Премногу случајни контакти, непознати фактори…

Можете да правите се’ што е во ваша моќ, но и понатаму ќе дојдете во контакт со коронавирусот.

Она што можеме да го направиме е да го контролираме своето здравје. И тоа не само сега, туку и во иднина за да не се случи нешто слично. Се’ уште можете да преминете на здрава исхрана и повеќе да вежбате. Можете повеќе да се грижите за себе, и тоа не само затоа што некој нов вирус чека да ве нападне, туку зашто здравјето и спортот значително влијаат врз сечиј професионален успех.

Иако физичките придобивки се големи, психичките се немерливи: ментална издржливост, упорност, одлучност.

Накратко, сега можете да правите работи што се корисни, а подоцна ќе ви помогнат да ви се случат фантастични нешта!

Еве што можете да правите за време на коронавирусот:

Работете од дома – многу фирми се одлучија за овој чекор. Тоа подоцна може да им помогне во неочекувани ситуации. Во иднина ќе бидат подготвени за итно реагирање во непредвидени ситуации.

Штедете – кога ќе дојде до рецесија во економијата, оние што немаат никаква заштеда ќе имаат проблеми. Но ако ништо лошо не се случи, тие луѓе ќе имаат здрав капитал во рака.

Грижете се за блиските – освен што ќе направите нешто добро за вашите соседи (на пример, да им купите намирници), вие ќе направите и нешто добро за себе. Добрите дела се сигурен пат кон среќата, тоа е научно докажано. Освен тоа, ви гарантира добри социјални врски. И самите сфаќате дека веќе ништо не зависи од парите, денес услугата има најголема моќ: „Ти мене – јас тебе“.

Морал – кога ќе ја надминете кризата како оваа, ниту еден проблем нема да ви се чини нерешлив. Едноставно ќе можете да се соочите со сите работи и други проблеми што ќе ви се најдат на патот.

Токму тоа ми се случи и на мене: не ни помислував дека ќе имам срцев удар, само сакав да бидам во добра форма, затоа вежбав. Но тој спорт ме спаси кога ми беше тешко. И тоа не се однесува само на здравјето, туку и на работата, кариерата, приватниот живот…

Секогаш во животот правете нешто што може да ви биде од корист. Само така ќе бидете подготвени за секоја ситуација.

Во време на епидемија на коронавирус, ова е психолошкиот потсетник што сите мора да го прочитаат!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.