Влијателен филозоф открива како да ја надминете осаменоста за време на самоизолацијата: Клучот за постигнување мир е во ова!

Прочитајте!

Познатиот книжевник одлучил да им даде неколку совети на сите што се нашле во незавидна ситуација поради коронавирусот

Изолацијата и неможноста на луѓето да се движат поради коронавирусот што го погоди светот неминовно го зголемува нивото на стрес и поттикнува анксиозност и претерано размислување.

Наметнатата осаменост може да се преброди ако ја промениме перспективата и увидиме дека таа моментално повеќе се цени од дружењето. Осаменоста во овој момент е пожелна, бидејќи е знак на одговорност кон себеси и блиските.

Некои луѓе сакаат да се сами, како што се родените интроверти кои обожаваат мир и тишина. Меѓутоа, тоа не е случајот кај секого.

Па затоа, ви предлагаме неколку совети на експерти како да се снајдете во вашата моментална осаменост.

Како да ја прифатите наметнатата самотија?

Филозофот и книжевник Алан де Ботон во разговор со новинарката Франческа Спектра објаснил дека за многу луѓе идејата да бидат сами е застрашувачка.

„Ужасно е бидејќи ви се заканува опасноста да налетате на низа информации што на еден или друг начин ќе ви предизвикаат болка. Болка од тага, болка од потреба да се преземе акција, болка од сознанието дека животот не е таков каков што сакате да биде“, открива де Ботон.

Меѓутоа, постојат начини на кои можеме да си ја олесните нашата непријатност предизвикана од тие чувства.

„Не можеме да ги сопреме сите залутани мисли, но можеби клучот за постигнување мир е во промената на идејата за тоа што значи да се поминува време самиот со себе. Понекогаш не’ мачат мисли дека сите други подобро се забавуваат. Сега навистина можеме да истражиме што всушност лежи во тоа, и што тоа всушност значи“, открил тој.

Промена на перцепцијата

Дружењето и заедништвото се добра забава, високо на листата на вредности за многу поединци. Но, де Ботон нагласува дека во лошо друштво можеме да се чувствуваме поосамено одошто кога сме сами., бидејќи тоа само силно не’ потсетува на она што идеално би го посакале од друго човечко суштество, а не е достапно.

Идејата дека сме сами добива поинакво значење кога не не’ потсетува на заедништвото на другите луѓе. Со оглед на тоа што сите јавни собири и настани се откажани, глобално се менува перцепцијата за тоа што значи да се биде сам.

Во овие моменти, тоа е пожелна категорија што се поврзува со преземање одговорност кон себеси и блиските. Истовремено, знаејќи дека не сме единствените во оваа ситуација, чувствуваме поврзаност и солидарност кон другите. Промената на перцепцијата доведува до тоа да не ни биде повеќе страв дека ќе пропуштиме нешто, напротив ни создава радост и чувство на исполнетост.

Можеби ќе ви помогне и да дознаете како лесно да се справите со вестите што предизвикуваат стрес и страв.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.