Тортили за појадок? Може!

Предлог на Џејми Оливер!

Познатиот британски готвач Џејми Оливер нуди едноставна и здрава опција за утрински оброк

Состојки:
  • 1 мандарина (може и портокал)
  • 1 тортилја (по можност интегрална)
  • 1 лажичка какао во прав
  • 2 лажички јогурт
  • 1 зрела банана
  • 1 шака шумско овошје по желба
  • 1 лажичка препечени семки по желба
Приготвување:

1. Пресечете го цитрусот на половина. Во тегла исцедете сок од половина мандарина или портокал и додајте какао во прав. Сето тоа добро протресете го со затворен капак.

2. Во смесата додајте јогурт и повторно протресете.

3. Раширете ја тортилјата и рамномерно премачкајте ја со смесата.

4. На средина на тортилјата додајте ја бананата и внимателно почнете да ја гмечите со виљушка, притоа внимавајте да ја распоредите што порамномерно.

5. На крај, сето тоа наросете го со шумско овошје и семки, а тортилјата пресечете ја на четвртини и завиткајте ја по желба.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.