Откриен е полот на бебето на Меган Маркл и принц Хари!

Арчи наскоро ќе стане постар брат

Не ја кријат среќата, но поради абортусот од пред неколку месеци се многу внимателни и загрижени

Кога кон крајот на минатата година за „Њујорк Тајмс“ откри дека неколку месеци претходно доживеала абортус, целиот свет сочувствуваше со војвотката од Сасекс, Меган Маркл (39), особено поради тоа што во авторскиот текст навела поединости од немилиот настан и до детали ја опишала болничката соба во која лежела покрај сопругот скршена од болка.

Тогаш помислила, па и напишала, како ѝ се чини дека таа и принц Хари (36) тешко и долго ќе закрепнуваат од разочарувачкото искуство, меѓутоа, неколку месеци подоцна, убав настан на тоа поле им ја врати насмевката на лицето.

По трети пат, на средина на есента, Меган останала бремена. Веста дека младиот кралски пар ќе му подари брат или сестра на својот син Арчи ја објави нивниот портпарол на официјалната инстаграм-страница со прекрасна црно-бела фотографија од лондонскиот уметник Мисан Хариман. Иако на неа јасно се гледа дека војвотката е поодмината бременост, за да не дојде до забуна, под неа напишал:

„Можам да потврдам дека Арчи ќе стане постар брат. Војводата и војвотката од Сасекс се воодушевени.“

Сопружниците не ја кријат радоста по повод бременоста, но нивните најблиски пријатели и членови на семејството сведочат дека сè уште не се во состојба да се ослободат од стравот што им се јавил по абортусот. Многу се внимателни и ништо не ѝ препуштаат на случајноста.

Накратко ги смирил моментот кога на последниот ултразвук дознале дека повторно чекаат здраво момче, додека наскоро планираат и да му се посветат на изборот на клиника во која ќе се породи Меган.

Трудничко издание на Меган Маркл во пролетен дух: Облекла фустан инспириран од модата во 1960-те!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.