Трудничко издание на Меган Маркл во пролетен дух: Облекла фустан инспириран од модата во 1960-те!

Удобност пред сè

Бремената војвотка од Сасекс во лежерно издание

Меган Маркл (39) и принц Хари (36) гостувале во онлајн подкастот Archewell Audio, кој е дел од виртуелниот настан на платформата за стриминг Spotify.

Војводата и војвотката од Сасекс најавата ја снимиле во својот нов дом во Калифорнија, а за подкастот Меган одбрала интересен фустан со дезен, со потпис на модната куќа „Оскар де ла Рента“.

Станува збор за модел од пролетната колекција за 2021 година, а дезенот се нарекува citrus primavera, што значи цитрусна пролет.

Фустанот е украсен со мотиви на лимон и е инспириран од модата во 1960-те години, што најмногу се гледа по кројот.

Овој модел на фустан е идеален за дамите на кои удобноста им е на прво место при изборот на облека, а со оглед на тоа што Меган е бремена, јасно е дека сега ваквите парчиња ѝ се приоритет.

Што се крие зад новата фотографија на принц Хари и Меган: Сите зборуваат за ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.