Весна Дедиќ за борбата со коронавирус: „За малку ќе направев фатална грешка“

„Ако почувствувате симптоми, одете во државна болница!“

Водителката нагласила дека направила голема грешка кога отишла во приватна болница откако десет дена била несоодветна лекувана

Популарната водителка и новинарка Весна Дедиќ во текот на претходниот период нагласувала колку многу се плаши од коронавирусот и како се труди да се заштити на сите начини.

Меѓутоа, пандемијата се проширила и Весна се соочила со тешкиот непријател, вирусот ковид, со кого се борела 18 дена. За среќа, од таа борба излегла како победник.

Авторката на емисијата „Балканска улица“ го раскажала своето искуство со коронавирусот, сакајќи да им привлече внимание на сите оние што исто така боледуваат од овој вирус и да им ги посочи нејзините грешки, кои сериозно ѝ ја нарушиле здравствената состојба.

„Не сакам да зборувам за најинтимните детали од мојот живот, но она што сметам дека е важно да се спомене е при појава на првите симптоми, како што е температура, веднаш да одите на лекар и тоа исклучиво во некоја државна ковид-амбуланта“, рекла водителката и додала:

„Јас направив речиси фатална грешка и отидов во приватна болница, па бев десет дена во домашни услови, потполно несоодветно лекувана. Десеттиот ден, кога не реагирав на антибиотската терапија и кога високата температура не ми се симнуваше, пријателите многу се загрижија и ме убедија да одам во ковид-амбулантата на Ургентниот центар. Таму ми беше дијагностицирано воспаление на белите дробови“, искрена била Дедиќ.

Како што нагласила, нејзин најголем страв бил стравот од болница, а за да не дојде до хоспитализација најмногу ѝ помогнале докторите.

„Не бев хоспитализирана и признавам дека стравот од болница беше мојот најголем страв. Најкритични денови се помеѓу 10 и 13-ти ден, и тоа навистина е тешко да се издржи физички и психички. Постојат последици, закрепнувањето навистина е тешко и неизвесно, кога ќе видите какви последици оставаат терапијата и вирусот на крвната слика“, раскажала Весна.

„Ужасно е тоа што коронавирусот подразбира изолација и самотија. Признавам дека некои денови многу се разочарав од себе, плачев и бев полна со самосожалување. Но секој тежок момент во животот е еден вид духовно прочистување. Моја најголема сила беше грижливоста на моите пријатели и свеста дека не смеам со мојата слабост да ја разочарам Ленка, ќерка ми, која зимоска сама прележа коронавирус во студентска соба во Холандија, а јас немоќно ја гледав преку WhatsUp, бидејќи нам не ни е дозволен влез во Европска Унија“, завршила новинарката.

Весна Дедиќ: „Ако никој не ме сака, ќе бидам одличен таксист!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.