Домашни крофни: Не сте пробале помеки и посовршени!

Најдобриот рецепт

Ви носиме рецепт за тесто што ќе го развесели целото семејство

Состојки:
  • 1 кг брашно (меко, тип 400)
  • 600 мл млеко
  • 1 пакување квасец (50 г)
  • 3 рамни лажици маст (или масло)
  • 4 рамни лажици шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 2 лажички шеќер за квасецот
  • 2 жолчки

Приготвување:
  • Во млако млеко (600 мл) здробете го квасецот, ставете 2 лажички шеќер и оставете го да нарасне.
  • За тоа време, во поголем сад изматете 2 жолчки, додајте маст или масло, шеќер, сол и на крајот додајте го нараснатиот квасец.
  • Сето тоа измешајте го, па постепено додавајте брашно и матете.
  • Замесете средно меко тесто (важно е да не се лепи за раце и за работната површина)
  • Потоа, замесеното тесто оставете го да одмори 20-30 минути.
  • По 30-тина минути, повторно премесете го тестото малку без да додавате брашно и расукајте го на дебелина помала од 1 см (7-8 мм)
  • Со чаша вадете крофни, па оставете ги да отстојат од секоја страна по 5 минути. За тоа време, загрејте масло на умерена температура.
  • Пред да ги пржите крофните, расукајте ги уште малку со сукало и оставете ги да отстојат малку.
  • Кога ќе ги ставате крофните во маслото, важно е она страна што била на масата сега да биде нагоре.
  • Готовите крофни извалајте ги во шеќер во прав и послужете ги топли.
Лудо тесто за брзи мини-крофнички од само две состојки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.