Топ 5 парчиња што треба да се најдат во гардероберот на ниските жени

Доколку спаѓате во групата жени што имаат околу 160см висина или помалку, тогаш сигурни сме дека изборот на соодветна облека и шопинг не секогаш се едноставна задача.

 

Овој текст ви го посветуваме токму вам, па во продолжение ќе прочитате кои модни парчиња е добро да ги поседувате во гардероберот, а кои ќе придонесат визуелно за некој сантиметар повеќе.

Блузи и фустани со V-израз

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Best__outfits (@best__outfits__)

Веќе е познато дека овој израз на деколтето визуелно го зголемува вратот, а воедно и горниот дел од телото, така што не двоумете се да имате блуза, кошула или фустан со ваков израз.

Панталони/ фармерки со висок струк

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MICAH GIANNELI (@micahgianneli)

За што и да се одлучите од овие две, важно е да бидат со висок струк, за да можат сразмерно да ви го нагласат телото. Кога бирате фармерки, гледајте да не се до глужд, туку малку над. Од друга страна пак, кога бирате панталони, покрај оваа миди должина, добар избор се и долги панталони, но со широки ногавици. Тие ќе ве направат визуелно повисоки, додека пак, должината до глужд ќе ви направи контра-ефект.

 

Мини здолништа и фустани (прав или А-крој)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Best__outfits (@best__outfits__)

Кога се работи за мини должини, тие секако добро ви прилегаат. Бирајте парчиња со рамен или А-крој, кои исто така ќе бидат во служба на тоа да изгледате повисоко. Кога носите вакви парчиња, можете да ги комбинирате дури и со чизми (позимска варијанта), ќе изгледа подеднакво добро како и на чевли со висока потпетица.

 

Миди должина

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Многумина можеби мислат дека оваа должина дополнително ќе ги „скрати“, но вистината е дека напротив, ќе им направи услуга. Ќе го истакне најдоброто од вашата фигура. Можете понекогаш, во зависност од тоа што носите, да ја истакнете половината со ремен. Доказ дека ова е добар избор за да добиете некој сантиметар повеќе се и модните комбинации што ги практикуваат познатите ѕвезди кои се пониски и од 1960. Примерот можете да го видите кај Џенифер Лопез, Ева Лонгорија, Емилија Кларк… Шлицот е исто така паметен избор во оваа комбинација.

Ова лето заслужува најдобра камера!

Врвен паметен телефон за лето полно со радост

 

Миди мантил/капут

Покрај основните парчиња облека, миди должината практикувајте ја и кога купувате мантил или капут. Визуелно ќе ве издолжат, без разлика што носите одоздола, за разлика од кратките мантили, кои несоодветно ќе ви одземат по некој сантиметар визуелно.

 

Монохроматски стајлинг

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Не е тајна дека еднобојните комбинации визуелно издолжуваат. Па разгледајте ги стајлинзите на Ким Кардашијан, повеќето се монохроматски и тоа во беж или црни нијанси, така што со ова не можете да направите утка.

Обувки со шпиц

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MICAH GIANNELI (@micahgianneli)

Професионалците велат дека ниските жени не треба да се лишуваат од ниски, односно рамни чевли. Со соодветна комбинација на облека и триковите кои веќе ги посочивме, рамните чевли воопшто нема да бидат проблем. Но, од морето модели, оние со по малку шпицест преден дел се подобар избор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време