Летни комбинации со широк долг фустан
Волуменозните и лелеави фустани се супер модна опција за летен изглед, без разлика дали е макси фустан, бохо-модел или миди трендовските кроеви со балонести ракави и карнери. Ги носиме во секакви пригоди – на плажа, за градска прошетка, на точак или во свечена пригода, па ги кобинирааме со патики, спортски сандали, елегантни обувки, апостолки, мали чанти или сламени торби.