5 модели на фустани кои мора да ги имате оваа зима

Моден предизвик

Доколку добро ја искомбинирате должината на капутот со должината на фустанот и со соодветни обувки, омилениот летен фустан можете лесно да го носите и во студените денови.

Секако, има и волнени модели во кои се чувствувате топло и удобно, но со малку фантазија вашиот светол сатенски фустан или цветниот со паф-ракави може да станат совршени за ладно време.

Ви претставуваме пет модели на фустани кои се во тренд оваа зима, а кои со задоволство ќе ги носите во текот на 2022 година.

Волнен фустан

Носете го со рамни чевли и потпетици, а изберете јакна или капут во зависност од кројот. Предлагаме целосно тесен волнен фустан со предимензионирана јакна со пердуви.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renia Jaz (@venswifestyle)

Сатенски фустан
Иако е тенок, можете да го носите со свилен или сатенски фустан во зима, со долго топло палто од вештачко крзно или капут.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monikh (@monikh)

Темен со принт

Колку е потемен, толку подобро доаѓа до израз принтот, а се носат точки, пруги, разни цртежи и секако цвеќиња.

Необичен мал црн фустан

Ова парче облека никогаш нема да излезе од мода, но веќе некое време се инсистира да биде што е можно похрабро, интересно, екстравагантно – со отворен грб, пуф-ракави, асиметричен крој. Време е да набавите нов мал црн фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chrissy Rutherford (@chrissyford)

Предимензионирана силуета
Кога не сакате тесни работи кои ја истакнуваат вашата фигура, само сакате да се чувствувате удобно во тоа што го носите, а во исто време да бидете во тренд, фустаните со предимензионирани ракави и необични кроеви се вистинскиот избор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Skye (@_jessicaskye)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.