ТЕСТ: Дознајте каков е вашиот стил на облекување

Фото: Душан Јауковиќ

Секој од нас би требало да има и негува свој единствен и препознатлив стил на облекување. Но дали е така и во вашиот случај?

Се надеваме дека овој тест ќе ви помогне да го одредите вашиот стил, се разбира, доколку одговорите објективно. Отворете нов текстуален документ на вашиот компјутер или земете лист и пенкало и запишувајте настрана.

1. Најдобро се чувствувате облечени во:

а) долг проѕирен фустан

б) кошула и плетени џемпери

в) облека што е во тренд

г) фармерки и обична маица

д) тренерки

2. За викенд најмногу би сакале:

а) да одите со партнерот на романтичен викенд

б) да играте тенис во клубот

в) да пиете кафе во некоја кафетерија

г) да направите вечера за пријателите

д) да отпатувате некаде со целото семејство

 

3. Кој моден додаток најчесто го носите:

а) шнола за коса

б) бисерен ѓердан

в) модерна чанта

г) големи очила за сонце

д) класична чанта

 

4. Која боја е најзастапена во вашата гардероба:

а) бела

б) сина и интензивни бои

в) црна

г) неутрални и неупадливи бои

д) повеќе бои, но повеќето се неутрални

5. Кои чевли би ги носеле секој ден:

а) балетанки

б) мокасини

в) со високи потпетици

г) со рамни потпетици

д) патики

Резултати:

Најмногу одговори под а):

Вие сте боемски тип кој сака да се облекува во удобна и поромантична облека, како што се топ, здолниште или фустан. Сакате да сте убави, но и да ви биде удобно. Голем дел од облеката што ја носите преку ден ја облекувате и за вечерно излегување. Белата облека ви е омилена, како и облеката во есенски  бои, а тиркизните додатоци ги користите за освежување на комбинациите.

Најмногу одговори под б):

Негувате младешки стил на облекување, поради што луѓето мислат дека сте помлади одошто сте. Сакате да носите поло маици, кои ги комбинирате со елегантни пантолони или хеланки. Ваши омилени бои се морнарско сина, нежно зелена и розова. Понекогаш во зависност од расположението одбирате облека со впечатливи мотиви.

Најмногу одговори под в):

Следбеник сте на модата, сакате да се облекувате убаво и да шетате со пријателките за да бидете видени. Обожавате чевли со високи потпетици и облека од познат бренд. Знаете како да ја комбинирате облеката и секогаш да изгледате совршено дотерани. Најзастапена боја во вашиот плакар е црната, бидејќи најлесно се комбинира.

Најмногу одговори под г):

Облекувањето не ви е важен фактор во животот, но сепак сте секогаш дотерани. Се облекувате во проверени комбинации, како фармерки, кошули и сако, а за вечерно излегување го имате омилениот црн фустан. Поголемиот дел од облеката ви е во неутрални бои.

Најмногу одговори под д):

Вие сте практична личност на која стилот на облекување и е подреден на обврските. Немате многу време да размислувате за стилот, па затоа и за вечерното излегување нема да вложите многу труд. Едноставни пантолони и темна маица ќе биде вашиот избор за таа пригода. Вашата облека е во темни бои.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време