Ова ќе бидат ЧИЗМИ БРОЈ 1 ПРЕТСТОЈНАТА ЕСЕН, а на многимина им се ОДВРАТНИ и не можат органски да ги поднесат

Што мислите вие?

Сепак, екстремно се популарни – 379 милиони луѓе ги пребаруваат на Интернерт!

Каубојките поминаа долг пат од работни, функционални обувки создадени некаде во средината на 19 век за потребите на каубојците до обувки кои станаа чевли број 1 во женскиот гардеробер. Сосема необјаснива појава, ќе се согласиме, но едно е сигурно – оваа есен и зима најмодерен модел на обувки ќе бидат токму овие чизми.

Не дека досега не сме имале можност да носиме каубојки, тие излегуваат и заминуваат од модната сцена со децении, и иако секогаш имаат различен шмек и се стилизирани да ги следат модните трендови, ако имате добар класичен пар во црна или кафена боја, можете слободно да ги извадите од чевларникот.

Претстојната сезона, каубојките помалку потсетуваат на Дивиот Запад, но ги задржаа главните карактеристики – шилестиот горен дел, косата потпетица и тоа што допираат преку зглобот и имаат шлиц на средината на предниот дел.

Од друга страна, актуелните модели се модернизирани со метални детали, живи, нетипични бои, апстрактни дезени, уникатна форма на потпетици…

Kaubojke danas dolaze u otkačenim bojama i dezenima

Овој модел на чизми остава посебен впечаток кај помладите генерации – милениумците и генерацијата Z, кои ги користат за да додадат капризност и смелост во својот стил, а сепак успеваат да изгледаат кул и тренди. Колку се популарни најдобро говори податокот дека на социјалните мрежи се забележани 379,7 милиони прегледи под хаштагот #cawgirl!

Slavne dame obožavaju kaubojke

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.