3 најдобри фустани за жени повозрасни од 50 години: Совршени се за секоја пригода и ги сокриваат недостатоците!

Ги бришат годините

Ова се најдобрите фустани за жени во зрели години

Шпанската кралица Летиција важи за една од најмодерните жени на светот. Елеганцијата и префинетоста се нејзиниот заштитен знак, а речиси и да не постои настан на кој сите очи не се вперени во неа.

Ретко кој може да поверува дека Летиција има влезено во шестата деценија, а со своите модни комбинации им стана вистинска инспирација на жените повозрасни од 50 години. Моделите на фустани што ги носи таа се соодветни за речиси секоја пригода – од вечерни излегувања и свечени настани до дневни прошетки.

Лелеав, долг фустан – ќе направи да изгледате помладо

Летиција најчесто одбира лелеави фустани со цветни дезени, што идеално ги покриваат евентуалните недостатоци. Исто така, може да се носат во секоја пригода, во зависност од тоа какви обувки ќе одберете.

Нежни бои и безвременски точки

Нежните бои отвораат и прават да изгледаме поведро и пополетно, а со точки, никој не може да погреши. Летиција со овој фустан обула беж салонки, а интересно е што ваквите фустани одлично одат и со патики и балетанки.

Тесниот, долг фустан го нагласува сексапилот и ги нагласува најубавите женски адути

Не можете да погрешите со тесен фустан, особено ако имате вита линија. Она што им дава посебна магија е должината. Со пристојна должина ќе изгледате софистицирано и дамски, а уште и ако фустанот има карнер преку стомакот, воопшто нема да мора да се грижите доколку изедете некое колаче повеќе.

Што мислите вие, кој фустан најдобро ѝ прилега Летиција и дали ви се допаѓа нејзиниот стил?

Летиција покажа модно мајстворство: Го гледате ли детаљот кој кај многумина предизвика паника? (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.