Летиција покажа модно мајстворство: Го гледате ли детаљот кој кај многумина предизвика паника? (ФОТО)

Елеганција во полн сјај

Шпанската кралица не го знае трикот во кој веруваат нашите жени, а кој се смета за суеверие.

Шпанската кралица Летиција неодамна се појави во фустан кој неодоливо потсетува на елеганцијата од некои минати времиња. Таа и кралот Фелипе Шести присуствуваа на прославата на 200-годишнината на Универзитетот Атенео во Мадрид, а воопшто не сме изненадени што Летиција уште еднаш одговори на модниот предизвик со едноставен фустан со впечатливи цветни детали и обетки кои одлично го надополнуваат нејзиниот аутфит.

За елеганцијата на нејзиниот стајлинг придонесоа лабаво навитканата коса и шминката во земјени тонови, но и нејзините омилени чевли – салонките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tracking Royal (@trackingroyal)

Поголемата, елегантна чанта е одличен избор за дневните настани, а нам во око ни падна тоа што Летиција ја ставила на земја.

Španska kraljica Leticija i kralja Felipe VI José Oliva/Zuma PressИмено, според суеверието распространето на нашите простори, ваквиот потег предизвикува сиромаштија. Во Израел, пак, постои различно сфаќање дека „чантата на подот“ всушност предизвикува пари, а некои веруваат дека ова суеверие е предизвикано од стравот од болести и намерно е распространето за да внимаваат луѓето каде ги оставаат чантите и со тоа го намалуваат ризикот од бактерии.

Некои веруваат и дека во ситуацијата во кои се нашла Летиција е учтиво е да ја оставиш чантата на подот и да не ја држиш во скут, а тоа е уште еден доказ дека суеверијата не треба да се практикуваат.

Фото: Instagram @onlycelebrityandroyalty, @trackingroyal

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.