7 работи што задолжително треба да ги внесете во вашиот дом за Велигден: Носат успех, среќа, плодност и храброст!

Фенг шуи совети

Оваа година украсете го вашиот дом според техниката фенг шуи и на тој начин повикајте позитивна енергија, среќа и благосостојба

Пристигнуваат велигденските празници, па периодов го користиме за да одбереме декорација за домот, но многу е важно да знаеме кои симболи задолжително би требало да ги имаме, бидејќи се верува дека носат среќа, мир и благосостојба. Експертката за фенг шуи Марија Дајмонд открива и каде би требало да ги поставиме за да привлечеме позитивна енергија и слога меѓу домашните, како и кои предмети би требало да ги одбегнуваме.

Велигденско зајаче

Во фенг шуи фолклорот, зајачето има долга историја. Ваквите фигури претставуваат плодност, изобилство во љубовта, богатство, бесмртност и среќа. Неколку бели зајачиња во дневната соба можат да привлечат среќа – што е одлично за велигденските свечености. Најдобро би било да ги поставите во источниот дел од домот, во дневната соба, трпезарија или канцеларија.

Бели лилјани

Белите лилјани претставуваат чистота, доблест, мир и божествена енергија. Ако ставите лилјан во северозападниот дел од кој било простор, можете да привлечете охрабрување и мир во опкружувањето. Североисток, подрачје познато по духовниот раст, е уште едно просперитетно подрачје за овие цветови. Лилјаните, исто така, се најпопуларниот цвет што се поврзува со погребите, како симбол на повторно раѓање или невиност по смртта. Тие се добри и за привлекување успех. Според фенг шуи, би требало да го одбегнувате цвеќето во црвена боја.

Украси во форма на јајца

Не може да се замисли Велигден без јајца, кои важат за заштитници на плодноста. Ако ставите јајца околу домот, можете да ја направите средината попријатна. Покрај тоа, украсите во форма на јајца се добредојдени насекаде во домот за времена Велигден. Тие го симболизираат семејниот круг или гнездото во кое сите членови на семејството се чувствуваат сигурни и спокојни. Поставете чинија со јајца во западниот дел од домот, трпезаријата или дневната соба.

Јагне

Јагнето го симболизира самиот Господ, роден во штала меѓу јагниња. Тој е жртвено јагне што трпеливо ги поднесува маката и смртта, но и божјо јагне на престолот небесен. Христос често се претставува и како добриот пастир кој ги чува своите овци, кои ги отсликуваат неговите верни следбеници. Исто така, јагнињата се раѓаат во пролет и означуваат нови почетоци. Ставете ги овие фигури во јужниот дел од домот, во дневната соба, трпезаријата или канцеларијата.

Крст

Крстот е основниот симбол на христијанската вера и без него не може да се замисли ниту еден празник. Исус бил закован на крст и починал на него, за да воскресне по три дена. Ставете го во северозападниот дел од домот, во трпезаријата, канцеларијата или закачете го над рамката на вратата.

Свеќа

Свеќата ја осветлува темнината. Така се гледа и на Христос – како на вечна светлина што им го покажува патот на Христијаните од смртта до вечниот живот. Според советите на Марија, поставете ја во североисточниот дел од домот.

Палмови гранчиња, маслинки, зелена трева

Претставуваат симбол на мирот. Со зелените гранчиња украсете го југоисточниот дел од домот, односно просторијата во која поминувате најмногу време.

Задолжително внесете го ова цвеќе во домот за Велигден: Штити од болести, а на домашните им носи среќа, успех и љубов
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.