Ѕвездата на Нетфликс пронајдена мртва во својот дом, засега не се знае причината за смртта

Трагедија

Јужнокорејската актерка и модел Јунг Чае-Џул (26) е пронајдена мртва во својот дом. Веста за нејзината смрт ја објави агенцијата со која соработуваше Менаџмент син, но деталите за трагедијата не се објавени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CHAE YULL (@chaeyull)

Актерката беше позната по улогата во серијата на Нетфликс „Зомби-детектив“ и остварувањата I Have Not Done My Best и Deep. Требаше да глуми во долгоочекуваната драма од корејска продукција, но трагедијата спречи сè.

Од агенцијата најавија дека погребот ќе биде во кругот на семејството и побараа да не се шират шпекулации за овој трагичен настан, пишува MK News.

По веста за смртта на Јунг Чае-Џул, многу фанови на социјалните мрежи објавија:

Почивај во мир, прекрасно душо“, „Толку сум тажен, не знам како да се чувствувам“.

Актерката последен пат објави на Инстаграм пред три дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CHAE YULL (@chaeyull)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.