3 најлоши избори за појадок: Често ги јадеме, а не сме ни свесни дека нè дебелеат и ни го трујат организмот!
На сите им се омилени
Многу е важно на вашата трпеза за појадок да се најдат квалитетни намирници што ќе ги задоволат потребите на вашиот организам
Појадокот е најважниот оброк што ни дава енергија за сите обврски во текот на денот. Неретко, луѓето грешат при изборот на намирници кога станува збор за утринското јадење, па потоа се чувствуваат млитаво и поспано. Затоа, обрнете внимание на следниве 3 вида појадок, кои според нутриционистите, се најлоши за нашето тело.
Сокови, овошен јогурт, енергетски плочки
Иако на нив пишува дека се 100 отсто природни, овошните сокови од продавница се полни си шеќери и адитиви. Ваквата напивка на празен желудник моментално ќе ви даде енергија, но и многу брзо ќе ви ја одземе. Исто така, соковите од продавница немаат голема хранлива вредност.
Подобро е да посегнете по вистинско овошје што содржи влакна, кои го регулираат варењето, и да го забогатите со чинија житарки. Истото важи и за овошните јогурти, па наместо тоа, одберете незасладен пробиотик дополнет со парче потпечен леб и мармалад.
Енергетските плочки содржат толку многу шеќер и калории што тоа е исто како да изедете чоколадо за појадок.
Пекарски производи
Печивата, крофните и вкусните кифлички од тесто што ги купуваме во пекарница се многу вкусни и заситуваат, но овие производи често содржат и голема количина на адитиви, соли и шеќери, што не е добра комбинација за почеток на денот.
Соленото печиво задржува вода во организмот, а лиснатото тесто е масно, тешко се вари и е сиромашно со нутритивни вредности кои му се повеќе од потребни на организмот за нормална работа.
Ако сакате да јадете печиво наутро, одберете такво од цели житарки и намачкајте го со млечна мачканица или путер и мармалад.
„Ѕидарски“ појадок
Ѕидарскиот појадок вклучува масна, тешка и калорична храна, како што се пржени јајца со сланина, бел леб или масна салама, зачинети со мајонез и слични мачканици. Освен ако не се занимавате со тешка физичка работа, на вашето тело навистина не му е потребен ваков појадок и ќе ви треба многу време за да го сварите.
Големата количина на нездрави масти ќе се складираат во форма на масно ткива, а вашето тело нема да ги добие сите потребни витамини, минерали и влакна. Ако сакате да јадете јајца наутро, најдобро би било да го сварите и да го комбинирате со парче потпечен леб и чај.
Коментарите се заклучени.